Напад на бес или тантрум (temper tantrum) е афективно пореметување со генетска предиспозиција кое се јавува од 12тиот до 18тиот месец кај детето и е честа појава. Детето е бесно, агресивно, вика, плаче, се фрла на под, удира… Тоа е екстремна промена во расположението кое е обид за комуникација. Се разликува од бесот и агресијата бидејќи кога ќе биде задоволена потребата, детето уште е агресивно и тоа може да трае со саати и да се повторува во чести и куси временски интервали. Имајте на ум дека не можете да ги спречите, можете да ги надминете или надитрите.
Зошто ова се случува?
Едноставно, детето сака да се изрази, но тоа му е тешко. Тоа е луто, фрустрирано и овој набој го покажува како напад, агресија, викање, клоцање, гризење, плачање… Најчесто се случуваат во раниот период додека говорот не е добро развиен и детето не може да се изрази. Затоа околу 4 годишна возраст се мошне поретки.
Родители, откријте што се случува
- Вашето дете можеби е уморно, гладно. Ако е така, решението е лесно, бидејќи овие потреби се задоволуваат.
- Можеби е луто, љубоморно… ако забележувате дека танрумот ќе се случува, веднаш најдете дразби кои ќе го одвлечат детското внимание.
- Анализирајте кога се случуваат и што им претходи. Така ќе бидете подготвени да ги ублажите.
- Друг начин е да чекате да престанат. Тешко е особено ако има луѓе кои гледаат, но бидете трпеливи и смирени.
- Не се предомислувајте само за да го прекинете тантрумот. Така го учите детето да реагира несоодветно за да добие што сака.
- Ако сте дома, отидете на кусо во друга соба но, детето да е на безбедно место за да не се повреди.
- Танрумите најчесто се случуваат на јавни места пред публика, особено во продавниците. Родителите се чувствуваат засрамено а тоа ги вознемирува. Смалете го времето на купување, вклучете го детето за она што треба да се купи.
- Ако детето има силен тантрум а вие имате можност, држете го силно за време на нападот додека се смири.
- Постоењето на тантрумите не значи дека Вашето дете во иднина ќе биде насилник.
- Учете го кое однесување е прифатливо а, кое не е. Кажувајте му дека не е убаво да удира, гризе, вика и дека тоа нема да го дозволите.
- Секогаш зборувајте. Откријте што се случува.
- Помогнете им да ги решат проблемите.
- Покажете им дека ги сакате но, не го оправдувајте таквото однесување
- Овозможете им да го празнат емоционалниот набој низ физичка активност, спорт, во природа, танцување, играње,..
- Учете го да ги препознава, именува и покажува емоциите без да се повреди себе или другите.
- Не се обвинувајте дека тантрумите се случуваат заради Вас. Не! Тоа е нормална појава која со време исчезнува.
Како да превентирате тантрум
- На децата им треба ред и рутина, бидејќи тоа им дава сигурност.
- Бидете позитивен модел на идентификација. Тоа значи ако сте агресивни веројатноста таквото однесување да биде научено е голама. Ако во проблем ситуација сте смирени и ги решавате проблемите, тогаш го учите како соодветно да реагира.
- Дајте му избори на детето за да донесе одлука. Со ова развивате одговорност но и слобода на избор.
- Овозможете му на детето здрав живот а тоа е квалитетен и долг сон, здрава и разновидна исхрана и физичка активност.
- Избегнувајте расправии за неважни работи
- Не ги поткупувајте за да го сменат однесувањето
- Наместо да ги игнорирате нападите, дајте му на дознаење дека разбирате што се случува но, дека тоа нема да го добијат бидејќи одлуката е конечна
- Ограничете го кажувањето на НЕ и не преговарајте
- Внимавајте на Вашиот тон на глас. Наместо да карате, зборувајте, објаснувајте.
- Со тек на време ќе ја откриете најдобрата стратегија за вашето дете.
Темпер тантрум кај возрасни
Почесто се случува кај деца како развојна фаза која минува, понекогаш може да остане цел живот или да се јави во подоцнежните години кај некои невролошки пореметувања. Ако ја имаат возрасните, станува збор за емоционална незрелост, нестабилност или ментална неспособност. Некогаш се јавува заради стрес и ако се јавува при иста ситуација полесно може да се третира.
Дијагноза и лекување
Напрвијн, се открива причината за овој тантрум, па се адаптира индивидуално лекување. Ако е развојна фаза, сама ќе исчезне до 4та година. Ако се јавува заради невролошки оштетувања се прави диференцијална дијагноза која е примарна а, која е секундарна состојба за да се направи соодветен третман. Лекарите препишуваат психостабилизатори за да се регулира однесувањето.
Ако се случуваат во одредени ситуации, после 4та година, опасни, детето постојано е агресивно, има чести главоболки, стомачни болки, станува анксиозно или Вие се плашите дека во тие ситуации можегте нешто лошо да направите се тогаш се користи психотерапија
Побарај совет или насока од Розалија Секулоска
Мојот пристап е насочен кон клиентот, што значи дека ги приспособувам моите методи за да ги исполнам специфичните потреби и цели на секој поединечен клиент. Доколку ви е потребна помош или насока, ве повикувам да го пополните формуларот подолу.