fbpx
Работилница

Трема - страв од јавен настап и јавно зборување

Научете како секогаш да зборувате и комуницирате со самодоверба.

Во најголем дел, сите ние имаме некои силни мислења и ставови за светот и за тоа како треба да функционира сѐ околу нас. Меѓутоа, кога треба да зборуваме во група, се чини дека вродениот страв од осудување преовладува и го губиме гласот или погрешно се изразуваме…

Што можам да очекувам од ова предавање?

Kога сме вознемирени, нашите тела обично преминуваат во состојба на страв: отчукувањата на срцето се зголемуваат, мислите се забрзуваат, се чувствуваме преоптоварено… Стравот ја намалува нашата способност да артикулираме со јасни зборови или убедување, па дури и со основна кохерентност. Постои ли тајна за надминување на овој страв?

Нина Тасевска е лиценцнран психолог и стручен фасилитатор со богато знаење и емпатичен пристап што ќе ви помогне кон справувањето со комплексниот страв од изведба и стравот од осудување. Со нејзино водство, ќе добиете вредни сознанија и практики за градење самодоверба, победа над сомнежот во себе и напредување во предизвикувачки ситуации.⁠ Ќе зборуваме за:

1. Лесни начини како да комуницирате самоуверено
2. Како да поставите граници за да избегнете неочекувани ситуации за зборување
3. Ефективни начини за справување со овој вообичаен страв
4. Како да ја задржите вашата “публика” заинтересирана
5. Справување со предизвиците на срамот

Предавач
Нина Тасевска
лиценциран психолог

“Јас сум дипломиран лиценциран психолог, со десетгодишно работно искуство. Предавач на повеќе актуелни теми, меѓу кои најзначајни се подготовка и надминување на предизвици при јавен настап, булинг, ефективна комуникација, родителски стилови, анксиозност и депресија кај младите…”

Датум

15.04.2024 / 19.00 часот

Времетраење

90 минути

Формат

Настанот ќе се оддржи онлајн. Бројот на учесници е ограничен на 25.

Цена

300 мкд

Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

Разговор.мк – секогаш тука за тебе!