Aнксиозноста е еден од најчестите проблеми со менталното здравје и влијае на милиони луѓе во светот. Се карактеризира со загриженост, нервоза и страв што може да влијае на секојдневните активности. Додека некои нивоа на анксиозност се нормални и корисни во одредени ситуации, прекумерната и постојана анксиозност е сериозен проблем што треба да се третира.
Ако живеете со анксиозност, разбирањето на состојбата може да ви овозможи подобро да управувате со симптомите и да ја подобрите вашата благосостојба. Овој вебинар има за цел да обезбеди сеопфатни информации за анксиозноста, вклучувајќи ги нејзините симптоми и потенцијални решенија.
Како анксиозноста може да влијае на нашиот секојдневен живот? Како изгледа анксиозното растројство? Што го предизвикува? Дали анксиозноста некогаш поминува сама по себе? Изгледа како да сме преокупирани со различни грижи, но сепак вистинскиот извор на нашата анксиозност често се наоѓа на сосема друго место. Дали може да се излечи и кои се некои опции за третирање?
Писхотерапевтот Радмила Манчевска ќе ни сподели неколку корисни увиди околу тоа како се живее нормално со анксиозни нарушувања и како можеме да почнеме да го решаваме проблемот.
“Лиценциран психолог со посебна лиценца од областа на Психологија на образованието и лиценца за вршење психотерапија. Поседува Европски сертификат за психотерапија и истовремено е Магистер по клиничка и советодавна психологија. Професионалното и работно искуство е доста долго.”
13.3.2024 / 19.30 часот
90 минути
Часот ќе се оддржи онлајн. Бројот на учесници е ограничен на 20.
200 мкд
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!