Допишување – 1000 денари
Аудио Повик – 1200 денари
Видео повик – 1500 денари
Лиценциран Психолог, Гешталт Психотерапевт, сертифициран тренер и практичар по Арт Терапија.Повеќе годишно искуство како психолог во индивидуална и групна пракса, ментор, организатор на работилници, креатор на програми за личен раст и развој, прирачници и работилници со креативен и експресивен пристап.Ко-основач на Моди Центар Скопје ( Центар за психотерапија, советување, психодијагностика и гешталт едукација )Основач на ГАТ Терапи - Гешталт Арт Терапија.Affiliate член на ЕФАТ (Европска Федерација на Арт Терапевти), дел од 5 члениот Комитетот за Комуникации на ЕФАТ, целосен член на EAGT. Досега имаm многубројни работилници за Личен раст и развој, Учество на панел дискусии за ментално здравје, Лидерски вештини и способности, Креативно Лидерство, Организирање на тимбилдинзи.
Преку гешталтистичко-уметнички пристап разговараме, комуницираме, се едуцираме и работиме на себе. Уметничката терапија може да ги подобри комуникациските вештини со стимулирање на десната хемисфера на мозокот, која е одговорна за креативноста, интуицијата и емоциите. Уметничката терапија, исто така, може да ја подобри самосвесноста, самоизразувањето и саморегулацијата на клиентите, кои се од суштинско значење за ефективна комуникација.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Цветанка Бурзевска за работата и искуството со нив.
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!