Допишување – 650 денари
Аудио Повик – 800 денари
Видео повик – 1000 денари
Јас сум Теодора Алексијоска дипломиран психолог на Институтот за психологија, при Филозофски факултет на УКИМ и лиценциран психолог. Едукант во трета година по Гешталт психотерапија и советување. Магистрант во завршна фаза по клиничка и советодавна психологија. Дополнително поседувам сертификати за клиничка невропсихологија и невропсихолошка дијагностика како и невропсихолошка рехабилитација. Веќе две години работам во одделот за кардиоваскуларна рехабилитација при ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во Охрид, каде се стекнав со огромно искуство во областа на психолошка помош, советување и психотерапија кај лица кои се во постоперативен период. Покрај тоа, работам со лица кои се соочуваат со кризни периоди, анксиозност, панични напади, страв и стрес. Мојата цел е подигнување на свесноста за менталното здравје кај лица од различна возраст, особено кај лицата со здравствени проблеми или постоперативни состојби, кои се соочуваат со страв, стрес и анксиозност од самата состојба.
Во текот на мојата работа користам Гешталтистички пристап индивидуално прилагоден според потребите на клиентот. Пристапот секогаш го базирам врз емпатија, сочувство, доверба, разбирање и безусловна поддршка на клиентот, со крајна цел успешно справување со животната криза и враќање на насмевката кај клиентот.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Теодора Алексијоска за работата и искуството со нив.
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!