Допишување – 800 денари
Аудио Повик – 1000 денари
Видео повик – 1200 денари
Јас сум Слободан Наумоски, дипломиран психолог со 16 годишно искуство во советување, психотерапија, работа со деца, родители и млади лица. Поседувам сертификат за Интегративна терапија. Член сум во Асоцијацијата на контекстуална бихејвиорална наука што вклучува и користење на Терапијата за прифаќање и посветеност (ACT) и нивниот иновативен и емпириски поткрепен терапевтски метод. Со широко познавање на ACT, мојата цел е да помогнам на клиентите да развијат психолошка флексибилност и да живеат живот кој е во согласност со нивните вредности. Имам познавање и искуство со инкорпорирање на техники кои би ги насочувале клиентите кон живот со смисла. Три години работев како психолог во Здравствен дом во Струга, повеќе години како едукатор во СОС Детско село а од 2019 год. на позиција Самостоен стручен работник/психолог.
Користење на Терапијата за прифаќање и потсветеност (ACT). Со помош на овој иновативен терапевтски метод, клиентите ја развиваат умешноста за свесност и прифаќање, што им овозможува да ги прифатат и да се справат со нивните внатрешни искуства без осуда. Преку техники за неутрализирање на негативните мисли и развивање вежби за посветеност во однесувањето, клиентите постигнуваат поголема флексибилност во однос на нивните мисловни процеси и однесување во насока на работите кои им значат. Дополнително инкорпорирам техники и советување кон живеење на живот со смисла и значење.Имам искуство во советување за родителство особено во справување со предизвиците со тинејџери.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Слободан Наумоски за работата и искуството со нив.
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!