Допишување – 650 денари
Аудио Повик – 1000 денари
Видео повик – 1200 денари
Јас сум дипломиран и лиценциран психолог, психодијагностичар а во процес на едукација за семеен-системски психотерапевт. Се стремам за унапредување во мојата професија посетувајќи различни обуки. Ја завршив основната и напредната обука во вештини за комуникација, градење заедници и разрешување конфликти како и за посредување искуствени работилници. За личен раст и развој но и за помош на професионален план бев дел и од проектот за "Родителство за целоживотно здравје" и дел од вебинарот "Лутина и агресивност кај децата и младите- препознавање и одговор(ност)" како и "РЕ&КГБ за анксиозни и депресивни состојби кај деца и млади". Сертифициран life couch сум и интензивно посетувам обуки од областа на личен раст и развој.
Работам според семејно/системска психотерапија но секогаш користејќи индивидуален пристап за секој клиент, осврнувајќи се на јакнење на снагите, олеснување на секојдневното функционирање, спознавање на себе си од друга перспектива. Го третирам проблемот барајќи го потеклото со цел да се доведе до свесност клиентот за причината за моменталните потешкотии и да се овозможи да се најде соодветно решение адекватно за самата индивидуа. Според детектираната проблематиката употребувам соодветни психодијагностички инструменти за подобар увид, процена и разрешување на потешкотијата на клиентот. Тестовите со кои работам секогаш се добра насока за успешна работа со клиентот.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Сања Бојковска-Ѓорѓевиќ за работата и искуството со нив.
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!