fbpx
Сања Јовановска

Сања Јовановска

Специјалности на Сања Јовановска: Зависности - Депресија - Анксиозност - Справување со животни промени - Емоционални предизвици - Панични напади - Семејна динамика - Личен раст и развој - Брачни кризи - Емоционални кризи

Допишување – Нема можност

Аудио Повик – Нема можност

Видео повик –  1500 денари

За мене

Својата професија ја имам применето во повеќе области на психологијата и психотерапијата, почнувајќи од волонтерство на Клиника за психијатрија Скопје, каде применив но и стекнав вештини и техники како психолог во областа на дијагностика и подобрување на квалитетот на живот на пациентите и нивните семејства, подоцна своето знаење го продлабочив со едукација од областа на семејна и системска психотерапија при што сум семеен советник и вештините стекнати од областа на психотерапија ги користам со клинети во Здружение на клубови на лекувани алкохоличари на РСМ во групна и индивидуална терапија. Како психолог во основно училиште техниките од семејна и системска психотерапија ми даваа насоки во работа со деца и адолесценти и соочување со нивните развојни проблемо како и надминување на истите. Како вработена на позиција психолог во центар за социјална работа, односно во одделение за брак семејство и семејно насилство, психотерапевтските техники ги применувам за подобрување на партнерски односи, подобруваење на односи родител-дете како и преобразување на дисфункционалните образци на однесување во едно семејство во функционални.

Мој пристап

Работам според пристапот на семејна и системска психотерапија користејќи ги техниките од овој правец на психотерапијата кои се соодветни за проблемите со кои се соочува една индивидуа, партнери или семејство. Техниките на овој психотерапевтски правец се соодветни за широк спрктар на проблеми со кои може да се соочиме во текот на животот дел од нив се: депресија, ансиозност и панични напади, зависности, психосоматики, развојни проблеми кај деца и младинци, посвојување, дисфункционални партнерски односи, развод и сепарација, справување со стрес и тн.

Искуство

  • 2018 - во тек: Волонтер Клуб на лекувани алкохоличари на РСМ , ова волонтерество ми овозможува работа во групи но и индивидуална работа со лица кои се во фаза на лекување од зависности. ,
  • 2020 - во тек: Психолог во ЈУМЦСР Куманово, оддел за брак семејство и семејно насилство. На моите работни задачи им припаѓа помош и поддршка на лица жртви на семејно насилство, работа со деца чии родители се во процес на развод или се разведени, работа со партнери со нарушени односи кои се во фаза на развод или сепарација.,
  • 2012 - 2012: Волонтер ЈУ Универзитетска клиника за Писихијатрија Скопје каде се стекав со практична работа со клинички пациенти како и психодијагностика

  • Статии и текстови

    Побарај бесплатна консултација од Сања Јовановска.

    Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.

    Што велат клиентите?

    Еве што велат клиентите на Сања Јовановска за работата и искуството со нив. 

    Сања ми помага често да ги видам ситуациите од друга перспектива и се ми станува појасно и полесно решливо. Таа знае да ги постави најсоодверните прашања со кои ми помага самата како да дојдам до заклучок кои се најдобрите решенија за мене.
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​

    Над 12000 превземања на нашата мобилна апликација

    12000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти. Сања Јовановска е тука за тебе.

    Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

    Разговор.мк – секогаш тука за тебе!

    Generated by MPG