fbpx
Рената Димановска

Рената Димановска

Специјалности на Рената Димановска: Депресија - Анксиозност - Стрес - Емоционални предизвици - Самопочит и безусловно себеприфаќање - Личен раст и развој - Родителство - Советување на тинејџери - Самодоверба - Управување со емоции и стрес

Допишување – Нема можност

Аудио Повик – 800 денари

Видео повик –  1100 денари

За мене

Јас сум дипломиран и лиценциран психолог на Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје , Филозофски факултет – институт за психологија и при Комора на психолози на Република Македонија. Воедно сум гешталт терапевт во едукација и го имам завршено тренингот за базично ниво (ниво I и II) EMDR ( Eye Movement Desensitization and Reprocessing). Најблагородното нешто во работата како советник е можноста клиентите да ги изразат своите најдлабоки чувства и мисли во сигурна средина која е ослободена од секакви предрасуди. Нема поголемо задоволство од тоа да се биде дел од процесот во кој личноста учи да се сака и прифаќа себе си . Работата на себе ќе би овозможи да ја зголемите свесноста за себе и сопствените потреби, а со тоа и да го пронајдете патот кон остварување на сопствените потенцијали. Спознавањето на себе си и превземањето на одговорност за сопствените потреби и постапки несомнено водат кон раст и развој. Во склоп на Центарот за ментално здравје на деца и младина при Клиничката болница во Битола, специјализирана сум за работа со следните психодијагностички тестови и техники : интервју, WISC, WB – II, ВИТИМ, Lauretta Bender – Gestalt Test – R, Lüscher color test, Vineland Adaptive Behavior Scales, Goodenough test, MMPI – 201 и 202, " Draw a Man" , " Machover Test ", " Draw – the Family Test ". Како и советување на деца и родители и работа со комисиите за категоризација на деца и млади со посебни потреби.

Мој пристап

Гешталт психологијата го посматра човекот како целина и го проучува моменталното, непосредно искуство. Како почетна цел во овој процес би го навела освестувањето на клиентот за она што точно чувствува во контактот со себе и со околината. Примената на соодветни техники овозможува клиентот да стане свесен за отуѓените, отфрлените или фрагментираните делови од неговата личност и нивна повторна интеграција во нова целина, односно идентификација со своите отуѓените делови (како идеи, емоции, однесување). Прифаќањето на отуѓените или отфрлени аспекти од вашата личност или оние аспекти за кои станувате свесни во текот на процесот овозможува да ја прифатите одговорноста за сопствените мисли, постапки, реакции, чувства. Преку активно учество и ангажирање на целокупната личност на клиентот: емоции, моторика,телесни доживувања, интелект, јакнење на одговорноста - клиентот доаѓа до сoзнание низ личното искуство. Зголемувањето на свесноста за себе и превземањето на одговорноста за сопствените постапки во текот на процесот, ќе ви овозможи да ги согледате сопствените потенцијали, а воедно и да ја зголемите самоподдршката.

Искуство

  • 2018 - 2019: ЈЗУ Клиничка болница “др. Трифун Пановски” – Битола, Центар за ментално здравје на деца и млади,
  • 2019 - 2023: СОУ „Таки - Даскало” - Битола, образовен асистент,
  • 2023 - Во тек: Психолошко катче за деца, млади и возрасни „Растеме и Учиме”

  • Статии и текстови

    Побарај бесплатна консултација од Рената Димановска.

    Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.

    Што велат клиентите?

    Еве што велат клиентите на Рената Димановска за работата и искуството со нив. 

    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​

    Над 12000 превземања на нашата мобилна апликација

    12000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти. Рената Димановска е тука за тебе.

    Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

    Разговор.мк – секогаш тука за тебе!

    Generated by MPG