Допишување – 300 денари
Аудио Повик – 600 денари
Видео повик – 1200 денари
Јас сум млад и амбициозен лиценциран психолог кој се стреми кон подобрување на сопствените способности и вештини, за сега, во сферата на психолошкото советување. Мојот главен главен интерес е кон психодијагностиката, клиничката психологија и клиничката невропсихологија. Во мојата дејност со психолошко советување, се фокусирам клиентот да почне да гради здрав и автентичен однос кон себе, кон проблемот со кој што се соочува и кон околината, односно, интраперсонална и интерперсонална кохерентност, стабилност и автентичност. Моментално работам во ЈЗУ ЗД Железничар во Скопје како психолог. На страна мојата дејност поврзана со трудова медицина, нудам и психолошко советување и невропсихолошко тестирање на клиенти/пациенти преку mojtermin.mk.
Мојот пристап зависи од самата природа на проблемот со кој што доаѓа клиентот. Воглавно, кога станува збор за случај каде што е потребно психолошко советување, пробувам да му помогнам на клиентот да го согледа проблемот од друга перспектива, перспектива која води кон здраво и успешно разрешување на проблемот. Мојот пристап започнува со работа кон подобро разбирање на проблемот, односно, перцепцијата на проблемот од страна на клиентот, фокалните точки, очекувањата и верувањата за проблемот (дали реални или не), ресурсите со кои располага клиентот.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Павел Балојани за работата и искуството со нив.
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!