Допишување – Нема можност
Аудио Повик – Нема можност
Видео повик – 1300 денари
Јас сум Миа Костовска, магистер и лиценциран психолог, докторант на психолошки науки, во процес на едукација за семеен-системски психотерапевт. Член сум на Координативното тело за сексуални и родови малцинства во рамки на Комората на психолози и активен член на македонската EMDR асоцијација. Континуирано го надоградувам своето знаење преку редовно посетување на обуки од областа и меѓудругото имам завршено прв степен EFT едукација (Emotional Focused Therapy) и EMDR (Eye Movement Desensitization and Reprocessing). Поседувам клиничко искуство стекнато во ,ГОБ ,,8 Септември’’, ЈЗУ Психијатриска болница ,,Скопје’’, ЈЗУ ,,Пролет’’ и неколку приватни психијатриски ординации од Скопје, каде што имав прилика да работам со различни видови на психијатриска патологија. Во мојот фокус на интерес се симптомите кои произлегуваат од динамиката на секојдневното живеење како што се анксиозност, панични напади и стрес. Имам искуство и со маргинализирани групи и болести на зависности стекнато во невладината организација ,,ХОПС’’ и дом за деца со социјално-воспитни проблеми ,,25 Мај’’. Ангажирана сум и на Меѓународниот Балкански Универзитет како Teaching Assistant по општа психологија.
Во работењето со клиенти користам семеен-системски пристап, кој покрај тоа што посветува внимание на индивидуалните личносни аспекти, предвид го зема и контекстот во кој личноста функционира и живее. Силно верувам дека секоја индивидидуа поседува здрави сили и потенцијали кои може да научи да ги користи во справувањето со сите тековни очекувани или неочекувани животни кризи и настани. Градењето на однос на доверба меѓу терапевтот и клиентот за мене е исклучително значаен процес и искуството ми покажало дека во голема мера влијае на крајниот исход.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Миа Костовска за работата и искуството со нив.
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!