Допишување – 500 денари
Аудио Повик – 600 денари
Видео повик – 700 денари
Јас сум лиценциран психолог, ентузијаст кој верува во развој и позитивни промени на секоја личност доколку процесот на работа е надополнет со доверба, посветеност и љубов. Преку процес на психолошко советување и поддршка фокусот на мојата работа е кон подобрување на личниот развој и меѓучовечкото функционирање на личноста. Широкиот спектар на социо-емоционални состојби ( стрес, анксиозност, депресија, траума, стравови итн.) кризни ситуации поврзани со личниот раст и развој и релациски односи во околината за мене претставуваат плодно поле за креативна работа со што се овозможува превенција, развој и прилагодување на личноста и нејзините потенцијали. Подобрување и унапредување на целокупниот детски развој и предизвиците кои се дел од развојната психологија се заедничка цел за мене и семејствата со деца и млади ( со типичен и атипичeн развој) на кој им е потребна психолошка помош и поддршка.
Потребите на личноста со целосно почитување на индивидуалните разлики ја одредуваат насоката кон која заедно ќе се движиме и работиме. Заедно ќе го пронајдеме и креираме пристапот, методот и техниката која лично клиентот ќе го доведе до согледување надминување и креирање на нешто ново што за него е предизвик, тешкотија или проблем.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Марија Чурукоска за работата и искуството со нив.
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!