Допишување – Нема можност
Аудио Повик – 1200 денари
Видео повик – 1200 денари
Дипломиран психолог, лиценцирана од страна на Комората на Психолози, семеен и системски советник, едукант по Гешталт терапија при Тренинг Институт – Гешталт Центар Младен – Костиќ – АСПЕКТИ, Скопје. Со завршена едукативна програма за личен развој „Психолошка еклектика за здрава и целовита личност“. Во 2020 година го основав психолошкото советувалиште ПСИХОПЛУС каде секојдневно работам со лица со анксиозни состојби и панични напади, стравови и фобии, проблеми со ниска самодоверба, депресивни состојби, трауми, загуби, партнерски конфликти, социјални потешкотии и слично. Организатор сум на повеќе работилници со најразлични теми со цел личен раст и развој. Континуирано посетувам едукации, обуки и семинари од различни психотераписки правци со цел професионално усовршување. Во моментот сум ангажирана и како советник во Хуманитарно Здружение Мајка, Куманово во пружање на психолошко советување на жени и деца кои преживеале насилство.
Во својата секојдневна практика користам техники од семејна и системска и гешталт терапија во кои што клиентите ги насочувам кон увид за потеклото на нивните потешкотии, јакнење на нивните капацитети и превземање на одговорност врз нивните животи, почитувајќи ги актуелните потреби кои во сега и овде ги искусува клиентот.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Марија Марковска за работата и искуството со нив.
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!