fbpx
Маргарита Николовска

Маргарита Николовска

Специјалности на Маргарита Николовска: Управување со емоции и стрес - Анксиозност - Стрес - Емоционални предизвици - Самопочит и безусловно себеприфаќање - Панични напади - Релациски односи - Личен и професионален развој - Самодоверба - Загуби и трауми

Допишување – 800 денари

Аудио Повик – 1400 денари

Видео повик –  1800 денари

За мене

Јас сум Маргарита Николовска, магистер по психолошки науки, отсек клиничка психологија и психолошко советување, дипломиран психолог и сертифициран психотерапевт. Психолог сум вработен во ЈУ Специјален завод Демир Капија, а работам и како психотерапевт во Здружение за психотерапија и едукација „Амигдала“- Скопје. Повеќе од десет години активно работам и водам индивидуална и групна психотерапија и психолошко советување со поединци и групи. Најчести проблеми со кои се среќавав се релациони и адаптациони проблеми, проблеми на ниска самодоверба и повлеченост, стравови, фобии, анксиозни состојби и панични напади, проблеми на работното место и реализирање на потенцијалите, проблеми со сонот и исхраната, и слично. Освен ова координирав и учествував во домашни и меѓународни проекти. Организирам и водам работилници од најразлични теми со цел личен развој и психоедукација на адолесценти и млади. Покрај ова тренер сум за психодрама психотерапија и учествувам во тренинг и едукација на психолози во рамките на Амигдала, тренинг за психодрама психотерапија. Постојано посетувам семинари и работилници од различни психотераписки пристапи со цел да стекнам што повеќе алатки за работа со клиентите. Мајка сум на две ќерки и активен член на заедницата преку често вклучување во хуманитарни акции.

Мој пристап

Јас сум психодрама психотерапевт и силен застапник на овој психотераписки пристап, кој е многу креативен практичен и делотворен. Освен психодрамата во работата употребувам се што сметам дека ќе му користи на клиентот во специфична ситуација и дека одговара на неговиот менталитет. Така што со повеќето клиенти употребувам различни психотераписки и советувачки пристапи во текот на советувањето или психотерапијата, а честопати и во текот на една сесија ги менувам техниките. Употребувам техники и алатки и од гешталт ,когнитивно -бихевиеорална, терапија усмерена на тело, егзистенцијалистичка, клиентоцентрична терапија и се што сметам дека е потребно во моментот, при тоа комбинирајќи ги и моделирајќи ги техниките. Преку Разговор.мк на клиентите најмногу им помагам во работа на нивен личен раст и развој, развој на нивната емоционална интелигенција, релациони проблеми т.е. односот со самите себе си и со другите, справување со чувствата на страв, срам и лутина, анксиозни состојби ,панични напади и состојби при загуби. Заедно со клиентите најмногу работиме на зајакнување на нивните его сили, намалување на притисокот кој си го вршат самите на себе, работиме на нивната самодоверба, самопочит и себе прифаќање. Заедно со клиентот работиме преку создавање на безбедна средина како простор за работа и растење, зајакнување на клиентите да бидат отворени за различни перцепции, разбирање и доживување на нови животни искуства самоприфаќање: развивање на позитивен став кон себе, создавање позитивна слика за себе, ослободување од чувството на инфериорност, вина, страв, срам.

Искуство

  • 2010 - во тек: Психотерапевт во Здружение за психотерапија и едукација Амигдала Скопје каде ги обавувам следните работни задачи:
  • Индивидуална психотерапија
  • Групна психотерапија - Психолошко советување
  • Психо-едукација
  • Организирање и водење на работилници и семинари (едукативни, тераписки и искуствени)
  • Психолошки тестирања, наод и мислење
  • 2017 - во тек: Психолог во Специјален завод Демир Капија. Работа со деца и возрасни со тешки пречки во развој, комбинирани пречки во развој, тежок и длабок аутизам и психички растројства

  • Статии и текстови

    Побарај бесплатна консултација од Маргарита Николовска.

    Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.

    Што велат клиентите?

    Еве што велат клиентите на Маргарита Николовска за работата и искуството со нив. 

    Bese zainteresirana da me zapoznae I da me islusa, najverojatno za da moze da postavi nekoi osnovi pri sostavuvanje na karakterot. Dade words of encouragement za da vospostavi vrska zosto najverojatno blagodarenie na prethodnoto toa go procenila. All in all interesen nacin za prv pat da se vpustis vo ova. I navistina brzo pomina, taman se zagrevas, sto bi rekle, zavrsuva.
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Zadovolna sum, bi odela i na drugi seansi kaj psiholog Margarita 😊
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Задоволна од првиот разговор кој воедно е запознавање, ќе продожам со уште сесии.
    Маргарита е врвен професионалец, на уникатен начин стигнува до одговорите кои не' мачат и прави секоја работа што ни изгледала невозможна - да биде возможна. Секоја наредна средба со душа ја чекам. Топло Ви ја препорачувам!
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Многу пријатна жена и знае што треба да каже. Ми се допадна ептен!
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Немам зборови да опишам колку пријатно искуство беше ова. Маргарита е сочувствителна и многу ми помогна со различни методи, а притоа и со самиот разговор :-)
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Одлично искуство! Во текот на средбите работевме на доста работи - и на тие што не знаев дека постоеле, и на тие за кои бев свесна. Многу сум задоволна од резултатите што ги постигнавме, дефинитивно препорачувам :)
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Работевме на чистење и процесирање, и веќе се чуствувам подобро и полесно.
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Супе! Многу ми се допаѓаат вежбите до сега. :)
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Чудно како на некој си спремен да му се отвориш преку чет... Со интересни прашања те насочува кон расмислување во правец во кој не си размислувал предходно 😊
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    I samata bev svesna za se...no barem mi olesni ​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Odlicna! Najtopla preporaka.
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Вистински професионалец, после секој разговор чувствувам промена кон подобро. Со задоволство ја препорачувам секогаш.
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Зборувајќи прв пат со психолог, позитивно сум задоволен од советите и пристапот на запознавање
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Маргарита е прекрасна и супер поддржувачка :)
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Многу сум задоволна, се чувствувам ислушано и разбрано после сесиите
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Одличен слушател и советувач, кој те потикнува сам да размислуваш, да се запознаеш себе и да си помогнеш. Топло ја препорачувам.
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Прекрасна Личност! Ја препорачувам! Секој следен разговор со душа го чекам!
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Вистински професионалец кој влева чувство на доверба. Со задоволство би ја препорачала.
    Супер разговор, добра и лична перцепција на проблеми со кои што се соочуваат сите млади личности на лично и професионално ниво.
    Со Маргарита работам веќе година дена и сум презадоволна, од се срце ја препорачувам. 😊
    Odlicen razgovor, steta sto brzo pomina. Da bese barem 1h.
    Prijatno Iskustvo, Vremeto Bese Kratko No Jas Se Osetiv Ubavo Posle Razgoborot.
    Би Соработувала И Понатаму, Ми Се Допадна Првата Сесија
    Врвен психолог, кој тотално чита меѓу редови!
    Искрена препорака. Многу убава комуникација, доверба, искреност, разбирање и целосна присутност во процесот што се обработува. Многу убави и корисни совети за понатака.
    Ми беше мило, Ви благодарам за разговорот.
    Најдобра! Професионалец во вистинска смисла на зборот, секој разговор со неа е позитивно искуство. Со нетрпение го очекувам секој следен наш разговор.
    Одлично и многу од помош дефинитивно би го повторила
    Пријатно искуство при прва средба.
    Топло ја препорачувам. Кратко беше времето но доволно за да добијам зборови за подршка. Благодарам ❤️
    ⭐⭐⭐⭐⭐

    Над 12000 превземања на нашата мобилна апликација

    12000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти. Маргарита Николовска е тука за тебе.

    Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

    Разговор.мк – секогаш тука за тебе!

    Generated by MPG