fbpx
Клементина Добревска

Клементина Добревска

Специјалности на Клементина Добревска: Анксиозност - Стрес - Личен раст и развој - Советување на тинејџери - Мотивација - Управување со емоции и стрес - Самодоверба - LGBTQIA+ - Семејно насилство - Коучинг психологија

Допишување – 500 денари

Аудио Повик – 650 денари

Видео повик –  1000 денари

За мене

Дипломиран психолог на Институтот за психологија при УКИМ и член на Комората на психолози на Р.М со општа лиценца за вршење на психолошка дејност. Во текот на образованието се впуштив во водите на волонтерството и НВО активизмот при што во факултетските денови бев актуелен претседател на Здружението на студенти по психологија ПСИХЕСКО во период од 2019-2021г. По дипломирањето учествувам во организација и реализација на повеќе едукативни настани и работилници со деца и млади. Работата со деца и адолесценти сметам дека е важна и исклучително сензитивна бидејки во целокупниот развој на личноста, детството има голема улога во обликување на истата. Од тој аспект значително се залагам за подигање на свеста за менталното здравје како и за почитување на правата на децата и градење на здрава релација со родителите. Сакам да работам и со деца и млади со посебни образовни потреби и развојни проблеми. Од особен интерес ми е применета психологија, со што учествувам во работилници од областа на психологијата и сродни науки. Доедукација имам за: Проективни и Play техники во работа со деца, Антистрес терапија со примена на автоген тренинг, TA101 Course за трансакциска анализа под менторство на Marina Banic (Белград), Меѓуврсничко насилство - справување и третман а моментално сум на едукација за невропсихологија и невропсихолошка дијагностика. Од кариерно искуство во моментов работам како координаторка на АлоБушавко - СОС телефонот за деца и млади при Првата детска амбасада во светот Меѓаши и сум професор по психологија во СУГС Панче Арсовски - Скопје.

Мој пристап

Со моето досегашно работно искуство анонимноста и доверливоста ги сметам за важни фактори кои влијаат врз градењето на сигурна и безбедна средина за работа при првичниот контакт. Токму затоа мојот пристап се базира на доверба, емпатија, разбирање и поддршка на клиентот. Дополнително, мотивираноста на клиентот за освестување и решавање на своите дилеми/проблеми е клучна во изнаоѓањето на одговори кои водат кон унапредување на квалитетот на неговото живеење.

Искуство

  • 2023 - Во тек: Професорка по психологија во СУГС Панче Арсовски
  • 2022 - Во тек: Психолог и Координаторка на АлоБушавко - телефон за деца и млади при Прва детска амбасада во светот Меѓаши
  • 2021 - 2022: Образовен асистент - ООУ Гоце Делчев

  • Статии и текстови

    Побарај бесплатна консултација од Клементина Добревска.

    Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.

    Што велат клиентите?

    Еве што велат клиентите на Клементина Добревска за работата и искуството со нив. 

    Prva sesija so dopisuvanje i odlicno iskustvo, naskoro zakazuvam vtora sesija na kamera. Razgovorot bese jasen i fokus na najglavnite raboti so cel otkrivanje na korenot na problemot so koj se soocuvame, postavenite prasanja ostavaat vpecatok se pocustvuvav razbrano od strana na psihologot vi preporacuvam od srce.❤
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Кога ни започна разговорот се чувствував многу конфузно, тажно и изгубено , но низ разговорот ми помогна да ги совладам емоциите и да ги извадам на виделина . Пријатен глас и вистински прашања кои треба да се размислат за да си го дадеме одговорот по кој тежнееме .
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Огромна предност во работењето со Катерина е големата можност за трагање на клиентот, негово усмерување и постепено доведување до можното решение. Навистина Ви ја препорачувам​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Прекрасен пристап,со мнг љубов и разбирање работи. Многу посреќно се чувствувам после секоја сеанса. Најсилна препорака за Кате за секој што се соочува со анксиозност.
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Одлична, топло ја препорачувам 😊
    На почеток не знаев како ќе биде, но допишувањето течеше одлично. Исто како да разговараш со блзок пријател што знае што да ги праша точните прашања, и каде да те насочи да се фокусираш.
    ⭐⭐⭐⭐⭐

    Над 12000 превземања на нашата мобилна апликација

    12000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти. Клементина Добревска е тука за тебе.

    Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

    Разговор.мк – секогаш тука за тебе!

    Generated by MPG