Допишување – 600 денари
Аудио Повик – 800 денари
Видео повик – 1000 денари
Јас сум дипломиран психолог во процес на едукација за Гешталт терапевт. Дипломирав психологија на филозофскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје. Поседувам лиценца од комората на психолози за вршење на општа психолошка дејност. За време на пандемијата бев вклучена во различни проекти за давање на психо-социјална подршка. Имам долгогодишно искуство во работа со луѓе преку бројни невладини организации. Искуството за работа со деца и родители го стекнав во Центарот за Ментално Здравје за Деца и Млади во Битола.
Без осудување и предрасуди, преку разговор самиот клиент да дојде до свесност за сопствените силните страни и квалитети кои ги поседува. Преку зајакнување на истите клиентот да развие самоподршка која ќе му помогне подобро да функционира и да биде позадоволен од самиот себе.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Катерина Крстевска Ристески за работата и искуството со нив.
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!