Допишување – Нема можност
Аудио Повик – 700 денари
Видео повик – 850 денари
Јас сум Катерина Арсовска дипломиран психолог и член на комората на психолози на Република Македонија со општа лиценца за вршење на психолошка дејност.Низ досегашната работа и искуство имам завршено едукации за „Психодијагностика “ - Спроведување на тест материјал за испитување и мерење на когнитивните, мотивациски и волеви капацитети на индивидуите и креирање психолошка импресија и мислење. „Child Centered Play therapy“ и ,“Learn to Play Therapy” спроведени од INA - International Academy for Play Therapy studies and PsychoSocial Projects. „Holistic trauma healing“ - спроведена од SOS Children’s Villages international како и обуки спроведени од Комора на психолози и Уницеф - „Примена на психолошки работилници за зајакнување на личниот селф“; „Типичен развој,развојно доцнење и најчести развојни растројства“; „Адолесцентни-теории за развој“ и психодрамски техники за работа со траума. Поседувам вештини и знаења за психолошка советодавна работа од областите на личен раст иразвој, управување со стрес и емоции, родителство, животни вештини како и психолошка поддршка при проблеми со плодност и во процесот на медицинско потпомогнато оплодување.
Во мојата досегашна советодавна работа основниот пристап е насочен кон клиентот, почитувајќи ја неговата уникатност, права и интегритет , активно слушање, разбирање и воспоставување на взаемна доверба со цел јакнење на неговите капацитети и потенцијали. Користењето на емпатична комуникација помага за подигнување на свеста на клиентот за подобро себеразбирање и идентифицирање на сопствените емоции допринесува за успешно справување со предизвиците со кои се соочува во секојдневниот живот.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Катерина Арсовска за работата и искуството со нив.
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!