fbpx
Благица Ваниќ

Благица Ваниќ

Специјалности на Благица Ваниќ: Личен раст и развој - Депресија - Анксиозност - Панични напади

Допишување – 1000 денари

Аудио Повик – 1200 денари

Видео повик –  1500 денари

За мене

Мојот интерес за психологијата и психотерапијата започна уште од средното образование после кое се одлучив да студирам на отсекот по психологија на Универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје. По завршувањето на магистерските и докторските студии во Грција и во Америка, се посветив на професионална работа во полето на човечкиот развој при што имав различни улоги во различни организации. Паралелно со моето студирање во формално образование, јас се надградував со вештини и знаења за уште една професија-психотерапија, во рамките на Советувалиште за Хумана Соработка-Гешталт тренинг институт. Дополнително посетував обуки кои ме квалификуваа како Кариерен советник, Менаџмент консултант и Мастер тренер за ментално здравје. Веќе 12 години, професионално ја развивам мојата кариера и сум инволвирана во многу проекти во полето на развој на човекови ресурси, организациска психологија, ментално здравје и психотерапија, при што континуирано имам прилика да го комбинирам своето академско знаење со динамична и предизвикувачка практична работа. Од 2006 година па до денес, јас сум ангажирана како предавач во различни академски институции, во областите на психологија и организациски развој. Паралелно со мојот академски ангажман, од 2003 година јас сум активно вклучена во пишување и имплементација на проекти во невладиниот сектор најчесто како тренер, консултант и истражувач. Во контекст на мојот ангажман во невладиниот сектор, во 2013 година, сум назначена за претседател на Македонската Асоцијација на Гешталт Психотерапија. Во 2010, основав сопствен бизнис, додека во моментов имам улога на управител во Советувалиште за хумана соработка-Гешталт тренинг институт. Институтот е акредитиран од Европската асоцијација за Гешталт терапија и претставува центар за едукација, услуги и истражување во областа на Гешталт терапијата. Јас сум лиценциран психолог во рамките на Психологија на труд со посебна лиценца за вршење на дејност-Психотерапија во областа на Гешталт психотераписки правец. Во 2013 станав индивидуален член на Европската асоцијација за гешталт терапија, додека во 2015 се стекнав со Европски сертификат за психотерапија. Во моментот активно работам индивидуална и групна терапија со клиенти како и континурана едукација на студенти кои се едуцираат да станат идни Гешталт терапевти и советници.

Мој пристап

Нема информации

Искуство

  • - : Нема информации

  • Статии и текстови

    Побарај бесплатна консултација од Благица Ваниќ.

    Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.

    Што велат клиентите?

    Еве што велат клиентите на Благица Ваниќ за работата и искуството со нив. 

    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​

    Над 12000 превземања на нашата мобилна апликација

    12000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти. Благица Ваниќ е тука за тебе.

    Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

    Разговор.мк – секогаш тука за тебе!

    Generated by MPG