Допишување – 800 денари
Аудио Повик – 1000 денари
Видео повик – 1000 денари
Лиценциран психолог и магистер по психолошки науки кој моментално е на завршно (клиничко) ниво од РЕ&КБТ (рационално емотивна и когнитивно бихејвиорална психотерапија) и работи под супервизија. Има посетувано едукација за РЕ&КБТ во работа со деца и адолесценти - напредно ниво, како и се има здобиено со сертификат за организациски когнитивно-бихејвиорален коучинг. Работното искуство го има стекнато како психолог во основно училиште, професор по психологија и психолог во средни училишта, како и универзитетски асистент на факултет. Приправничкиот стаж го имам реализирано во неколку психијатриски установи и клиники каде имам работено во доменот на диференцијалната дијагностика и психолошко советување.
Во моето работење користам теорија и техники од РЕ&КБТ со кои се имам стекнато во текот на моето едуцирање. Знаењето кое го имам стекнато ми користи во работа со емоционални нарушувања и идентификување на мислите и уверувањата како основна причина за нарушување на човековата добросостојба. Основни вредности кои ги негувам во моето работење се: одговорност и етичност.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Атанас Иваноски за работата и искуството со нив.
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!