Допишување – 400 денари
Аудио Повик – 650 денари
Видео повик – 750 денари
Дипломиран психолог при Универзитетот cв. Кирил и Методиј, Скопје. Поседувам општа лиценца за вршење на психолошка работа од страна на Комората на Психолози на РСМ. Тековно сум едукант по Гешталт советување и терапија при Тренинг Институт - Гешталт Центар Младен Костиќ - АСПЕКТИ, Скопје. Континуирано ги усовршувам своите знаења преку посетување на обуки од областа на менталното здравје и други полиња од интерес.Моето работно искуство е мешавина од класична психолошка и советодавна работа, како и впуштања во сферите на маркетинг, пишување, графички дизајн, грижа за корисници, и други позиции. Оваа позадина ми овозможува уникатен увид во организациската психологија и цврста поддршка при кариерното советување. Претежно работам со адолесценти и возрасни кои се соочуваат со големи животни промени и бараат помош и поддршка при соочување со истите.
Во процесот на советување, мојата работа е насочена кон развивање на свесност, преземање на одговорност и личен раст и развој кај клиентите. Секој човек е различен, па така и мојот пристап варира врз основ на тоа со кого работам. Секако, без разлика кој е на другата страна, секогаш на прво место се почитта и емпатијата.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Ангел Стојановски за работата и искуството со нив.
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!