Допишување – Нема можност
Аудио Повик – 900 денари
Видео повик – Нема можност
Јас сум лиценциран психолог, магистер по советодавна психологија со неколку годишно искуство во полето на психодијагностика и психолошко советување. По своето дипломирање фокусот го насочувам кон психотерапијата и магистрирам советодавна психологија на Универзитетот Шефилд стекнувајки едукација за интергриран пристап при психолошко советување. Притоа, активно вложувам во развивањето на моите терапевтски вештини со едукации за когнитивно-бихејвиорална и шема терапија. Во 2019г. започнувам со своите докторски студии во полето на клиничката психологија. Голем дел од својата кариера поминувам во невладиниот сектор со советодавна работа со маргинализирани групи во организации како ХЕРА, ХОПС и СОС Детско село. Моментално сум вработена како психолог во Поликиника МВР (ЈЗУ Здравствен дом Скопје), каде што ја откривам својата втора љубов во психологијата, односно клиничката работа со растројства, нивна психодијагностика и третман. Од неодамна работам во Универзитет Зигмунд Фројд - Виена и пружам КБТ и шема терапија онлајн.
Комбинацијата од интегриран пристап за советувањe како и едукациите за когнитивно-бихејвиорална и шема терапија ги адаптирам на индивидуалните потреби на клиентот. Овој пристап е особено ефикасен во третман на анксиозни растројства - панични напади, здравствена анксиозност (хипохондрија), ocd, фобии, како и депресија и емоционална дисрегулација. Фокусот е справување со оние изморувачки негативни мисли кои не хендикепираат, како и тренинг за надминување на нашите штетни навики. Со шема терапијата пак, пробуваме да го намалиме критичкиот глас, кој секој од нас на одреден начин го има, и да го замениме со поддржувачки пораки. Активно се работи на негување на она “среќно” дете во нас и надминување на негативните искуства.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Јасмина Јонуз за работата и искуството со нив.
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!