Допишување – 500 денари
Аудио Повик – 800 денари
Видео повик – 1200 денари
Дипломиран психолог (Завршено високо образование на Филозофски Факултет - Институт за психологија - Скопје) Сертифициран психодијагностичар Гешталт психотерапевт (Едукација за Гешталт психотерапија при Гешталт Центар “Младен Костиќ” АСПЕКТИ Скопј)е Член на Комора на психолози на РСМ- со општа лиценца за вршење на психолошка дејност Член на Македонска Асоцијација на психолози и психотерапевти Во рамки на невладини организации, учествувала и организирала психоедукативни работилници и семинари за ученици во основни и средни училишта во Охрид поврзани со менталното здравје. Била и координатор на проектни активности во рамки на Младински Совет Охрид. Како психолог била вклучена во линиите за поддршка за време на ковид пандемија во рамки на Комора на психолози. Во 2019 година се стекнува со сертификат за гешталт психотерапија и континуирано работи со индивидуално советување и психотерапија со деца,млади и возрасни.
Во работата со клиенти користам техники од гешталт советување и психотерапија насочени кон клиентот. Проширувањето на свесноста е огромно поле на можности до бескрај. А животното искуство е најважно. Заедно ќе го поминеме процесот на раст и развој, преку разрешување на сето она со што се соочувате, со проблемот и потешкотиите кои Ви го онезвозможуваат животното функционирање и ќе дојдеме до позитивната промена. Запомнете дека во ова не сте сами :)
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Јасмина Јовчевска за работата и искуството со нив.
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!