fbpx
Ѓурѓица Нечева

Ѓурѓица Нечева

Специјалности на Ѓурѓица Нечева: Депресија - Анксиозност - Емоционални предизвици - Панични напади - Асертивна комуникација - Зависности - Емоционални кризи - Загуби и трауми - Хипохондрија - Посттрауматски состојби

Допишување – 600 денари

Аудио Повик – 1800 денари

Видео повик –  2000 денари

За мене

Јас сум Ѓурѓица Нечева лиценциран психолог, советник и консултант. Сертифициран Ефт Практичар, докторант по психологија во Италија, енергетски исцелител, практикант на медитација. Моето академско образование го започнав како посветен студент по психологија. По завршувањето на додипломските студии, одлучив да продолжам со мојата едукација па така успешно завршив и магистерски студии по психологија каде се стекнав со титула магистер по психолошки науки. Моето работно искуство започна како стажант во Клиничка Болница “ Жан Митрев” – Скопје каде под супервизија на врвни доктори по психологија бев практично воведувана во психологијата. Потоа продолжив да се надоградувам и започнав со работа во основното училиште „Димче Ангелов Габерот” како училишен психолог. Потоа во 2016 година добив понуда за работа во Хангџоу прекрасен град во Кина. Покрај работа во наредните две години колку што останав во Кина, мојата едукација продолжи во насока на енергетската и модерната психологија, алтернативната медицина и медитацијата. По две годишен престој во Кина, образованието – докторските студии и работата како психолог ги продолжив во Италија. Долгогодишните истражувања за енергија, чакри, медитација, алтернативна медицина, модерна психологија ме доведоа до една од најефикаснити техники на денешницата, техниката на тапфирмација позната како техника на емоционална слобода – ефт. Сите овие години јас и моите клиенти успеваме секојдневно да се бориме заедно и да создаваме царство на емоционална слобода.

Мој пристап

Сите верувања што ги добивме се формирани пред да наполниме 5 години и како што ги носиме толку долго во нас – тие стануваат наша лична вистина. Ова се случува затоа што 95 проценти од нашиот мозок и начинот на размислување се состои од нашата потсвест, останатите 5 проценти се свесниот дел. Поради ова е потребно да се работи на освестување на мислите и уверувањата. Мојата работа е специјализирана за работа на потсвеста и менување на верувањата преку специјални психолошки методи и преку техниката за емоционална слобода Emotional mental freedom – EFT. Преку индивидуални сеанси и ефт третмани успешно ја решаваме причината, а и со сите проблеми со кои се соочувате – физички, емоционални и психолошки.

Искуство

  • 2020 - Во тек: Онлајн психолог на Италијанска платформа
  • 2017 - 2018: Психолог во "Ангелите Дејствуваат". Работа со деца на Англиски јазик.
  • 2015 - 2016: Пракса во Специјална болница за хируршки болести Филип Втори - Жан Митрев
  • 2014 - 2014: Пракса во детска градинка Сончоглед

  • Статии и текстови

    Побарај бесплатна консултација од Ѓурѓица Нечева.

    Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.

    Што велат клиентите?

    Еве што велат клиентите на Ѓурѓица Нечева за работата и искуството со нив. 

    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​

    Над 12000 превземања на нашата мобилна апликација

    12000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти. Ѓурѓица Нечева е тука за тебе.

    Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

    Разговор.мк – секогаш тука за тебе!

    Generated by MPG