Допишување – 800 денари
Аудио Повик – 900 денари
Видео повик – 1000 денари
Јас сум лиценциран училишен психолог, семеен и системски советник. Во процес сум на доедукација за семеен и системски психотерапевт во институтот за брак, семејство и системска пракса „Алтернатива”. Во истиот институт имам завршено и едукација по психодијагностика. Бидејки сметам дека психичкото здравје е предуслов за квалитетен живот, обожавам да работам со луѓе кои се свесни и кои се грижат за своето ментално здравје. Најчесто работам на личен раст и развој на клиентите, на семејни и партнерски релации како и со родители и деца и нивниот меѓусебен однос. Мојата цел е да ги поттикнам, насочам и да им помогнам на клиентите да станат подготвени за нови можности и промени кај себе кои ќе помогнат да се елиминира постоечкиот симптом.
Запознавање со клиентот и негово претставување на проблемот. Пружање на целосна поддршка и разбирање како и пофалба за спремноста да побара помош и да си помогне на себе. Со придружување, поставување на низа отварачки и циркуларни прашања се стигнува до целосно спознавање со ситуацијата на клиентот, а потоа со јакнење на личните и семејните снаги му се помага на клиентот да гледа на проблемот на поинаков начин, начин кои би поттикнал промени во целиот семеен систем.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Ивана Велевска за работата и искуството со нив.
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!