Допишување – 600 денари
Аудио Повик – 800 денари
Видео повик – 1000 денари
Јас сум дипломиран, лиценциран психолог, психодрама терапевт и магистер по психолошки науки - Клиничка и советодавна психологија. Имам завршено едукација од областа на психодијагностиката. Континуирано посетувам семинари и работилници од различни трапевтски правци и со големо задоволство истражувам и учам на полето на психологијата, психотерапијата, психопатологијата и mindfulness. Сопруга сум и мајка на три деца. Сметам дека учењето трае доживотно и дека од секого и секоја релација, секогаш може да се научи нешто ново и да стекнеме ново искуство. Вработена сум во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија и мојата секојдневна работа опфаќа психолошко советување, групна и индивидуална психотерапија и психодијагностика со клиенти од различна возраст и различна проблематика. Со задоволство би истакнала дека успешно ја промовирам психолошката и психотерапевтската дејност, заради што се повеќе се зголемува свесноста за потребата за работа на себе и унапредување на менталното здравје и се поголем е бројот на оние кои се охрабриле да побараат помош од стручно лице. Секогаш кога е потребно се вклучувам во волонтерски акции.
Со целосна посветеност , најпрво се запознаваме со клиентот и го утврдуваме неговиот актуелен проблем. Потоа, на креативен и спонтан начин, со употреба на техники од различни психотерапевтски правци, со индивидуален пристап, креиран според потребите на клиентот, го водам и усмерувам клиентот низ процесот на изнаоѓање на можни решенија и личен избор на оптимално решение за неговиот проблем. Психолошкото советување и психотерапијата се еден вид партнерски однос со клиентот во кој заеднички, со водството, стручноста и знаењата на трапевтот и залагањата на клиентот и работа на себе, се јакнат капацитетите на клиентот за да може тој да научи со сопствени сили да се справува и решава проблеми со кои ќе се соочи во животот. Работам индивидуална и групна психотерапија креирана и водена според потребите на клиентот.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Розита Андонова за работата и искуството со нив.
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!