fbpx
Радмила Манчевска

Радмила Манчевска

Специјалности на Радмила Манчевска: Депресија - Анксиозност - Стрес - Личен раст и развој - Панични напади - Советување на тинејџери - Гешталт терапија - Справување со животни промени - Емоционални кризи - Управување со емоции и стрес

Допишување – 600 денари

Аудио Повик – 1000 денари

Видео повик –  1300 денари

За мене

Лиценциран психолог со посебна лиценца од областа на Психологија на образованието и лиценца за вршење психотерапија. Поседува Европски сертификат за психотерапија и истовремено е Магистер по клиничка и советодавна психологија. Професионалното и работно искуство е доста долго. Како училиштен психолог во средно образование има работно искуство од 30 години и повеќе од 18 години работи како гешталт психотерапевт и тренер на групи за личен раст и развој, групи за поддршка и работа со граѓани од ранливи категории и тренер во програмата за психосоцијална поддршка и јакнење на мобилните тимови кои работеа со мигрантите, тренер и супервизор на спроведување на Прогамата поврзана за поттикнување на интелектуалниот развој кај деца на возраст од 5 до 9 години. Член е на етичкиот одбор и супервизор при Комората на психолози на РС Македонија. Повеќе од 13 години работи како едукатор и тренер на едукативните групи од областа на гешталт психотерапијата со која ги подготвува идните советници и психотерапевти и воедно е Супервизор на едукативните групи.

Мој пристап

Како гешталт психотерапевт пред се го користи хуманистичкиот и холистичкиот пристап и посматрање на клиентот во неговата целовитост, а не изолираност од социјалната средина и опкружување. Ги користи методите на проширување на свесноста поаѓајќи од „Сега и овде“; Прифаќањето на себе и сопствената автентичност; Користење на методи и техники на истражување на себе со кои се доаѓа до увидување на корените на проблемот и јакнење на капацитетите на личноста за промени, донесување на одлуки, превземање одговорност и контрола врз сопствениот живот.

Искуство

  • 2023 - Во тек: Стела ментор во рамките на женската менторска мрежата за поддршка и менторирање на младите девојки
  • 2010 - Во Тек: Психолошко советувалиште и Институт за Гешталт психотерапија „МК“ - Аспекти, како психотерапевт за индивидуална и групна психотерапија и едукатор и супервизор на едукативните групи од областа на гешталт психотерапијата
  • 2006 - Во тек: Гешталт психотерапевт и тренер на групи за личен раст и развој и групи за поддршка и соработник во многу проекти поврзани со Развој и унапредување на менталното здравје
  • 1994 - Во тек: Психолог во Средно училиште

  • Статии и текстови

    Побарај бесплатна консултација од Радмила Манчевска.

    Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.

    Што велат клиентите?

    Еве што велат клиентите на Радмила Манчевска за работата и искуството со нив. 

    Mi se dopadna psihologot i nacinot i pristapot kon mene i kon mojot problem. Mi se dopadna i celiot razgovor koj go vodevme, kako i sovetite koi sto gi imase za mene.
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​

    Над 12000 превземања на нашата мобилна апликација

    12000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти. Радмила Манчевска е тука за тебе.

    Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

    Разговор.мк – секогаш тука за тебе!

    Generated by MPG