Допишување – 1000 денари
Аудио Повик – 1000 денари
Видео повик – 1100 денари
Јас сум дипломиран психолог, член на Комората на психолози на Република Северна Македонија, со општа лиценца за вршење на психолошка дејност. Моментално сум на специјалистичка обука за психодијагностика во Институтот за брак, семејство и системска пракса – АЛТЕРНАТИВА – Скопје. Поседувам СЕРТИФИКАТ за Автоген тренинг – анти стрес терапија, основно и напредно ниво. Се стекнав со меѓународно признат сертификат 4 ти модул за Трансформација на конфликт со ресторативен пристап, под менторство на Белинда Хопкинс – пионер во воведување на ресторативната пракса во училиштата.
Мојата стручна работа и пристап се засновани на интегративна психодинамичка терапија, која комбинира техники и методи од повеќе теориски правци, Психоанализа, Гешталт, Трансакциона и телесна психотерапија. Психолошко советување е процес во кој заедно учествуваат психологот и клиентот. Односот со клиентот во потполност е заснован на Етичкиот кодекс на психолози – Комора на психолози на РСМакедонија. Доверба, емпатија, разбирање и поддршка на клиентот се водечки принципи на мојата работа. Со заеднички сили работиме на решавање на проблемот, откривајќи ги причините и можните решенија. Мотивираноста на клиентот за решавање на личниот проблем е клучна во изнаоѓање на одговори кои водат кон унапредување на квалитетот на неговото живеење.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Виолета Илиоска за работата и искуството со нив.
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!