fbpx
Весна Дамчевска Илиевска

Весна Дамчевска Илиевска

Специјалности на Весна Дамчевска Илиевска: Семејно насилство - Емоционални предизвици - Самопочит и безусловно себеприфаќање - Личен раст и развој - Родителство - Асертивна комуникација - Самодоверба - Емоционални кризи - Личен и професионален развој - Мотивација

Допишување – 800 денари

Аудио Повик – 1200 денари

Видео повик –  1500 денари

За мене

Д-р Весна Дамчевска Илиевска е Дипломиран психолог. Специјализирала на Филозофскиот факултет во Скопје, на тема: „Со поттикнати дискусии до ненасилна комуникација„ и се здобила со академски степен Специјалист по мир и развој. Магистрирала на Филозофски факултет на тема „Справување со конфликтите со модел на интерактивно, конфликтно партнерство„ и се стекнала со звањето Магистер по Мир и развој. Докторирала на Филозофски факултет, Институт за одбрана, безбедност и мир, на тема: „Влијанието на водството во креирањето на ефикасна образовна средина, во мултикултурни заедници„ и се стекнала со звање Доктор на мир и развој. Била на специјализација и друго усовршување во земјата и во странство: • WTS Institut, Санкт Петерсбург, Русија,. на Тренинг за едукатори и национални координатори за програмата „Приоди кон визуелно размислување“; • Центарот за мировни студии на Меѓународен тренинг за ненасилна комуникација. во Штадшлајнинг, Република Австрија; • Меѓународен тренинг за тренери во рамки на програма „Балкански мост за превенција“ во Боиси, Ајдахо, САД; • Тренинг за Обучувачи за директори на образовни организации, со стекнат Сертификат за обучувач, во National School for Leadership in Education, Школо за директори, во Брдо, Крањ, Република Словенија. • Обука за обучувачи – Управување и раководење на основните и средните училишта,, - стекнат Сертификат за обучувач на училишни одбори. • Поседува Сертификат за фасилитаторски вештини.

Мој пристап

Во основа на мојот пристап е пред се‘ воспоставување на добра тераписка взаемност со клиентот, базирана на активно сочувствување и прифаќање на неговата индивидуалност и посебност. поттикнувањето на дијалогот со клиентот е мојата вештина со која ја олеснувам комуникацијата и охрабрувам отвореност, искреност и самоперцепција. Приоритетните прашања кои се извор на потешкотии ги ставам во преден план. Самоперцепција, самопроценка, самопочитување до самовладеење во сложени животни ситуации е патеката по која со взаемност ги постигнуваме успесите со клиентот. Психолошкото советување се состои од создавањето на интерактивно партнерство со клиентот, што е основа за изнаоѓање на најдобрата можна алтернатива за справување со потешкотиите. Целта е зајакнување на капацитетите на клиентот за работење на сопствениот развој, да научи да се потпира на себе си и конструктивно да се справува со проблемите, со кои се соочува во животот.

Искуство

  • 2014 - 2020: Пратеник во Собранието на Република Македонија,
  • 2007 - 2014: Директор во ОУ„ Живко Брајковски“ во Бутел,
  • 2003 - 2014: Психолог во ОУ „Живко Брајковски“ во Бутел,
  • 1997 - 2003: Директор во ОУ„Свети Климент Охридски“ во Бутел,
  • 1989 - 1996: Психолог во ОУ „Јане Сандански“ во Скопје,
  • 1986 - 1988: Психолог во одделение за ергономија во Рударски Институт Скопје

  • Статии и текстови

    Побарај бесплатна консултација од Весна Дамчевска Илиевска.

    Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.

    Што велат клиентите?

    Еве што велат клиентите на Весна Дамчевска Илиевска за работата и искуството со нив. 

    Прекрасно искуство со Весна. Професионална и полна со поддршка и разбирање за проблемот. Би ја препорачала на секој.
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Одлично искуство и добри совети...​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​

    Над 12000 превземања на нашата мобилна апликација

    12000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти. Весна Дамчевска Илиевска е тука за тебе.

    Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

    Разговор.мк – секогаш тука за тебе!

    Generated by MPG