fbpx
Билјана Симовска

Билјана Симовска

Специјалности на Билјана Симовска: Депресија - Стрес - Личен раст и развој - Панични напади - Родителство - Советување на тинејџери - Детска психологија - Зависности - Посттрауматски состојби - Психосоматски нарушувања

Допишување – 550 денари

Аудио Повик – 900 денари

Видео повик –  1000 денари

За мене

Лиценциран предучилишен психолог, сертиф. Гешталт советник, сертиф. за обука од основно и напредно ниво од ЕМДР терапија, сертиф. за обука Основи на кариерно советување - АСК, сертиф. за обука Подготовка за вработување и работа - УСАИД ЈЕС Мрежа проект. Поседувам пошироко искуство од повеќе области во психологијата, како спроведување психодијагностика и едукација на разни групи зависници во здравствена институција, истражувачка работа за поврзаноста на одредени работни димензии меѓу работни организации различни по вид на дејност и сопственост. Тестирања на професионални интереси, кариерно советување и спроведување на мотивациски обуки за подготовка за вработување на млади, водење мерки за олеснување при вработување на лица во социјален ризик, во соработка со НВО, приватни компании и едукативни центри. Психолошка стручна помош во реализацијата на воспитно-згрижувачката дејност и поддршка на социо-емоционалниот развој кај децата во предучилишна установа. Стручен соработник во развојно-креативен центар за промовирање и поддршка на менталното здравје кај деца и млади.

Мој пристап

Примена на Гешталт советување, кое се карактеризира со воспоставување на релација на доверба и почитување со клиентот, примена на дијалог со одредени гешталт техники и правила, кој го помага процесот на освестување и самозапознавање, примена на експерименти и вежби кои овозможуваат искуствено учење и разрешување на психичките конфликти во терапискиот процес, зголемување на самодовербата, личната одговорност и целокупниот развој и интеграција на личноста. Гешталт советувањето се применува при психолошки потешкотии во секојдневното функционирање (анксиозност, депресивни состојби, стравови, психосоматски тегоби, трауми, семејни и партнерски конфликти, социјални потешкотии, поддршка при тешки здравствени состојби и др. животни кризни промени). Психоедукативна и развојна работа со деца, млади и родители.

Искуство

  • 2022 - Во тек: Стручен соработник во развојно - креативен центар за промовирање на менталното здравје кај деца и млади и позитивно родителство
  • 2018 - Во тек: Стручен работник - предучилишен психолог во ДГ, стручна помош во реализацијата на воспитно- згрижувачката дејност, тимска работа со персоналот и соработка со родителите
  • 2016 - 2018: Соработник за професионална ориентација во АВРМ-центар за вработување, спроведување на тестирања за професионална ориентација и ментална зрелост, кариерно советување и олеснување при вработување на млади лица и лица во социјален ризик
  • 2005 - 2006: Психолог - волонтер во психијатриска здрав.установа, во сектор за зависности и одд. за психотични растројства, спроведување на психодијагностика и психоедукација

  • Статии и текстови

    Побарај бесплатна консултација од Билјана Симовска.

    Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.

    Што велат клиентите?

    Еве што велат клиентите на Билјана Симовска за работата и искуството со нив. 

    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​

    Над 12000 превземања на нашата мобилна апликација

    12000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти. Билјана Симовска е тука за тебе.

    Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

    Разговор.мк – секогаш тука за тебе!

    Generated by MPG