Допишување – 800 денари
Аудио Повик – 1000 денари
Видео повик – 1100 денари
Пишете ми порака за договор за термин! Анастасија е првиот мобилен психолог во државата! - Што значи тоа? Тоа значи дека таа е подготвена да доаѓа на Вашата преферирана локација и да држи сесии во живо! - Зошто? „Јас сакам луѓето да се чувствуваат комотно и сигурно, сакам да имаат атмосфера која што ќе им овозможи да се отворат и опуштат. Тоа може да биде прошетка во парк, на кафе, во домот, на планина..и слично. Јас имам хуманистички пристап и апсолутно не се поставувам супериорно, затоа што СИТЕ СМЕ ЛУЃЕ И СИТЕ ПРОБЛЕМИ СЕ ВАЛИДНИ ПРОБЛЕМИ!”. Таа е магистер по клиничка и советодавна психологија, има завршено академија за клиничка невропсихологија и невропсихолошко тестирање, исто така има педагошко-психолошка и методска доедукација. Таа е дел од телото за сексуални и родови малцинства, телото за прва психолошка помош и дел од комисијата за признавање и усовршување на стручноста на психологот во рамките на Комората на психолози. Aнастасија е во процес на специјализација за Медицински психолог, а исто така има завршено и базичен курс за конструктивистичка психотерапија во Србија. Своето искуство го има стекнато низ многубројни сесии одржани со клиенти, различни интернационални тренинзи, младински размени, работилници, советувања и курсеви во рамки на психологијата, но и надвор од неа. Таа работеше во ЦМА КРИК, a освен што е психолог, е и младински работник, што ѝ овозможува секојдневно да биде изложена на различни социјални групи, култури и луѓе. За себеси ќе каже дека е човек на кој можеш да се ослониш, космополит, искрена, прецизна, резилиентна, духовита и благодарна. Анастасија верува во константноста на промената! Цената е 1400 денари за сесија во живо. P.S Слободно пишете на нејзиниот мејл за консултации и за договарање на термин. anastasija.georgievska@yahoo.com
Хуманистичкиот пристап ја нагласува личната вредност на поединецот, централноста на човечките вредности и креативната, активна природа на човечките суштества. Пристапот е оптимистички и се фокусира на благородниот човечки капацитет да ги надмине тешкотиите, болката и очајот.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Анастасија Георгиевска за работата и искуството со нив.
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!