fbpx

Реализирај ја твојата визија за себе

Отклучи го твојот вистински потенцијал, изгради автентично “ЈАС” и откриј го твојот уникатен глас во доменот на личниот развој. Во оваа трансформативна обука, ќе навлеземе во сеопфатно истражување за себе, поставување цели и негување на размислување за раст и ментална цврстина.

✰ Местата се ограничени

Што можам да очекувам од оваа работилница?

Оваа работилница вклучува 3 модули и се фокусира на три прашања. Првично ќе посветиме време на самоспознавање и суштинско разбирање на своето јас. Во вториот модул ќе се фокусираме на креирање визија на себе и поставување краткорочни цели. На крај, ќе поработиме на тоа како да останеме отпорни на пречките и да се фокусираме на патот кон остварување на нашите цели. 

Работилницата ќе биде водена од Ивица Павлов, лиценциран психолог и сертифициран Глобален кариерен советник. До сега има остварено над 350 сесии на Разговор.мк платформата и е оценет со рејтинг 5/5. Повеќе за Ивица можеш да дознаеш подолу.

 

Модули

Самозапознавање и идентитет

Првиот модул се фокусира на себезапознавање. Емоционалниот развој е континуиран и суштински аспект на зрелоста. Слично како што детето стекнува јазични вештини или учи да вози велосипед, возрасните имаат потенцијал да стекнуваат и да ги усовршуваат емоционалните вештини во текот на нивниот живот. Првиот чекор е секогаш суштинското разбирање на своето јас и своите вредности.

Што е вклучено?
Што ќе научиш?

• Зошто и каде е важно самоспознанието

• Како да се разбере емоционалната динамика на детството

• Препознавање на ставовите и верувањата кои можат да влијаат на твоето однесување

Цели и креирање визија за себе

Откако ќе стекнеш подлабоко разбирање за себе, поставувањето значајни и функционални цели станува природна прогресија во патувањето на личниот раст и развој. Познавањето на себе ти овозможува да ги усогласиш своите цели со твоите вредности, страсти и аспирации, создавајќи поавтентичен и поисполнет пат напред.

Што е вклучено?
Што ќе научиш?

• Како да поставиш акционен план кој ќе ти помогне да го зголемиш твоето подлабоко чувство за цел.

• Како да ги откриеш твоите мотивации и вредности и да поставиш приоритети

• Ќе истражиш различни области во кои можеш да најдеш значење.

Издржливост и мотивација

Градењето на ментална цврстина значи учење од предизвиците и одржување на сигурноста во себе. Негувањето начин на размислување за раст значи да се пристапи кон предизвиците со ентузијазам, да се биде упорен и да се истрае низ неуспесите.

Што е вклучено?
Што ќе научиш?

•  Зошто често се плашиме од промени и како можеме помалку да се плашиме од нив

•  Како да ги надминеш неуспесите и да останеш сигурен во себе кога работите стануваат тешки

• Да гледаш на неизвесноста и неуспесите како можности за личен раст, а не како пречки.

• Како да култивираш Growth Mindset

Како изгледа нашиот тракер за цели?
Како изгледа нашиот Growth Mindset Journal?

Кој е Ивица Павлов?

“Секој има можност да се промени себеси. Еден чекор води кон промена. Дејствувај и советувај се!”

Ивица е специјалист за човечки ресурси и дипломиран лиценциран психолог со 13+ години работно искуство и Когнитивно-Бихевиорален (КБТ) советник од 2014 година за возрасни лица и родители.

Во неговото работно искуство во психијатриските болници, имал можност да работи со лица со различна психопатолошка симптоматологија. По ова, работи во различни приватни поликлиники и проекти во кои пружа брза психодијагностика (систематски прегледи), советување и КБТ психотерапија.

Има работено со бремени жени, мајки со деца и родители. Има оддржувано работилници за млади од 18 до 29 години за личен раст и развој со цел полесно справување со секојдневните потешкотии и кариерни предизвици.

Начинот на носење на одлуки, правење на избор во едукација или животни промени, како и промени во кариерните патеки и насочување го мотивираше да стане  сертификуван Глобален кариерен советник

Што велат клиентите за Ивица Павлов

ИВИЦА ИМА ОСТВАРЕНО НАД 350 СЕСИИ НА НАШАТА ПЛАТФОРМА

Ова се само дел од 130+ рецензии оставени за психологот

По разговорот се чувствувам подобро порелаксирано, ќе продолжам да разговарам, иако веќе тоа што ми го кажа единствено беше подетално од тоа што ми го кажувале дома. Ми се допаѓаше разговорот.
Вортекс
За Ивица Павлов
Одличен прв разговор, многу му се заблагодаруван на Ивица. Имаше разбирање, ми постави добри прашања и ми даде практични совети кои ме извлекоа од мислите и ме вратива во реалноста. Го препорачувам на сите.
Eli
За Ивица Павлов
Прво искуство-одличен. Точно поставени прашања, јасни и прецизни согледувања на ситуацијата. Детални и јасни насоки кон решавање на проблемот. Сигурен и прецизен и ти влева доверба и сигурност.
JZ18
За Ивица Павлов
Ти благодарам Ивица. Во целиот хаос, ми помогна за кратко време да си ја средам главава. Би те препорачала на секого, без разлика со какви проблеми и предизвици се соочува, бидејќи знаеш да го најдеш соодветниот начин за да помогнеш.
Јасна
За Ивица Павлов
Премногу сум задоволен од сесијата. Ивица дефинитивно ги поседува сите квалитети на добар психолог. Продолжувам со сесиите и топла препорака за сите останати кои сакаат да работат со одличен психолог.
Vlatko
За Ивица Павлов

Неколку текстови на Ивица Павлов

Пријави се уште денес и научи повеќе за себе и твојот потенцијал​

Датум

Работилниците ќе започнат на 13.11.2023. Во зависност од бројот на групите можни се мали промени.

Време

3 часа со времетраење по 1 час и 45 минути. Секој час започнува во 19 часот.

Формат

Работилницата ќе биде онлајн и групите се по 6 лица најмногу.

Возраст

Секој на возраст од 18 до 30 години кој има желба да дознае повеќе за себе

Цена

3.600 денари

LAST MINUTE
1,800 мкд