“Ако повторувате една лага повеќе пати, таа станува вистина.”
Терминот „Gaslighting“ се почесто се појавува во нашите разговори, на Нетфликс, во музиката, политиката, светот.. Ова e многу сериозна, деструктивна форма на психолошка манипулација што ја користат поединци за да имаат некаква контрола и моќ над другите. Вклучува искривување и менување на нечија перцепција за реалноста, предизвикувајќи личноста да се сомнева во сопствените мисли, емоции и искуства.
На секој од нас може да му се случи да има релација со манипулативна личност. Меѓутоа, нашата несреќа достигнува сосема друго ниво кога ќе наидеме на личности кои поседуваат способност сериозно да манипулираат, а на површина изгледаат невини и лојални.
Дали сметате дека вие или некој ваш близок е жртва на емоционална злоупотреба? Како да препознаете и што да правите кога сте погодени од гаслајтинг?
Гаслајтингот може да биде огромен товар за надминување, особено кога некој е изложен на ова однесување подолг период и е емоционално инвестиран во релацијата.
На овој вебинар ќе зборуваме повеќе околу тоа како навремено да го идентификувате овој тип на злоупотреба и соодветно да реагирате за да се одбраните од оваа манипулативна тактика.
“Јас сум дипломиран психолог во процес на едукација за Гешталт терапевт. За време на пандемијата бев вклучена во различни проекти за давање на психо-социјална подршка. Имам долгогодишно искуство во работа со луѓе преку бројни невладини организации…”
27.3.2024 / 19.30 часот
90 минути
Часот ќе се оддржи онлајн. Бројот на учесници е ограничен на 20.
200 мкд
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!