Без разлика дали сте заинтересирани за личен развој, подобрување на вашата емоционална интелигенција или разбирање на динамиката на човечката интеракција, овој вебинар е одлична шанса да добиете поголем увид за вашите емоции и како тие се регулираат.
Постигнување свест за именување и разбирање на нашите емоции – како да ја препознаеме емоционалната состојба во една ситуација и како да се саморегулираме, да ја намалиме зачестеноста на непријатните емоции и нашето емоционално страдање. Ќе зборуваме за тоа што значи да бидеме свесни за нашите чувства и емоции во моментот за да имаме пореална проценка на нашите сопствени способности.
“Лиценциран психолог, Гешталт психотерапевт, сертифициран тренер и практичар по Арт Терапија. Повеќе годишно искуство како психолог во индивидуална и групна пракса, ментор, организатор на работилници, креатор на програми за личен раст и развој, прирачници и работилници со креативен и експресивен пристап. Ко-основач на Моди Центар Скопје (Центар за психотерапија, советување, психодијагностика и гешталт едукација) Основач на ГАТ Терапи – Гешталт Арт Терапија. Affiliate член на ЕФАТ (Европска Федерација на Арт Терапевти), дел од 5 члениот Комитетот за Комуникации на ЕФАТ, целосен член на EAGT. Досега имам одджано многубројни работилници за Личен раст и развој, учество на панел дискусии за ментално здравје, лидерски вештини и способности, креативно Лидерство, организирање на тимбилдинзи…”
14.02.2024 / 19.30 часот
90 минути
Часот ќе се оддржи онлајн. Бројот на учесници е ограничен на 20.
200 мкд
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!