Емоционалната интелигенција вклучува вештини како што се самосвесност, самоконтрола, емпатија и ефективна интерперсонална комуникација. Ова значи подобро разбирање на сопствените и туѓите емоции и способност да се ставите себеси во нечија кожа.
Пријави се на нашиот интерактивен вебинар и научи мнoгу повеќе за ЕИ.
На ова интерактивно предавање, ќе го истражиме значењето и придобивките од емоционалната интелигенција и начините за развивање на клучните вештини потребни за вешта комуникација и подобри односи со другите. Ќе ја разгледаме психолошката динамика – како нескротливите емоции и неврози влијаат на нашето однесување и како можеме да ја искористиме емоционалната интелигенција за да практикуваме трпение, разбирање и емпатија кон другите – и да продолжиме да растеме како личности.
“Со моето досегашно работно искуство анонимноста и доверливоста ги сметам за важни фактори кои влијаат врз градењето на сигурна и безбедна средина за работа при првичниот контакт. Токму затоа мојот пристап се базира на доверба, емпатија, разбирање и поддршка на клиентот. Дополнително, мотивираноста на клиентот за освестување и решавање на своите дилеми/проблеми е клучна во изнаоѓањето на одговори кои водат кон унапредување на квалитетот на неговото живеење.”
22.03.2024 / 18.00 часот
90 минути
Часот ќе се оддржи онлајн. Бројот на учесници е ограничен на 20.
200 мкд
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!