fbpx

Колку сте резилиентни (психолошки отпорни)?

Кога зборувам за отпорност, мислам на психолошка отпорност или со други зборови кажано, резилиентност. Дали некогаш сте се анализирале себе или блиските да откриете колку сте резилиентни или ранливи (вулнерабилни)?

Ајде на почеток да дефинирам, што значи резилиентност. Тоа е процес на адаптација за време на соочување со промени, како што: се трауми, трагедии, закани, стрес, семјни и партнерски проблеми, сериозни здравствени проблеми, проблеми на работното место како и финансиски потешкотии. Сите тие промени, кои најчесто се изненадни, ја “тестираат” човековата отпорност на живот. Правопропорционално, колку сме поотпорни, толку послесно ќе ги прифатиме промените и проблемите, ќе ги “соџвакаме” и ќе продолжиме понатаму. И обратно од тоа, колку е пониска човековата отпорност толку прифаќањето, соочувањето и решавањето на промените и проблемите ќе биде потешко или во некои случаи, не возможно.

Психолошката отпорност (резилиентност), може да се набљудува како личносна особина, нешто со кое се раѓаме нo, понатаму во животот го развиваме или не го развиваме, како механизам за справување ,а со тоа и преживување и адаптација и како исход, краен резултат кој настанува како последица од трауматкси стрес.

Видови на психолошка отпорност (резилиентност)

  1. Семејна психолошка отпорност (резилиентност) во која спаѓаат идентитетот на семејството, социо-емоципналното врзување, родителските воспитни стилови и начини на решавање на проблемите.
  2. Системска психолошка отпорност (резилиентност) во која е она чувство дека сме дел од колективот, колкава е нашата колективна ефикасност и со колкав социјален капитал располагаме.

Психолошката отпорност помага во когнитивната (мисловната) “чистина” на согледување на проблемот и можните решенија, неутрализација и ментализација на емотивната состојба а, со тоа справување со негативните емоции или емотивниот набој и дури на крај дејствување.

Оние кои  повисосакаат да ја зголемат психолошката отпорност е да почнат да градат квалитетни врски, да бараат и да прифаќаат помош и поддршка, да дадат помош искрено и без задкулисни цели, да бидат ментално и физички активни и мудро да ги користат ресурсите од средината, како што се на пример- пријателите, стручните лица, здравата исхрана, доколку е потребно суплементи, природата итн.

Доколку сте повеќе ранливи отколку отпорни, не очајувајте има начин како да научите да станете психолошки поотпорни. Тој процес не е толку тежок колку што звучи. Се нарекува создавање на стратегии за градење на резилинтност.

На пример, почнете да ги гледате проблемите како животни случувања, предизвици, промени или како сакате именувајте ги, кои не се несовладливи, туку напротив тие се ситуации кои од Вас бараат мобилизирање на сите Ваши капацитети но и користење на ресурсите кои ги спомнав погоре. Така се расте во психолошка смисла на зборот.

Прифатете дека животот е променлива линија (варијабла) а не е статична. Со самото прифаќање, ќе се отворите за промените па дури и полесно ќе ги прифатите проблемите отколку ако верувате дека се треба да се контролира и дека среќни се оние чии животи се мирни мориња. Напротив, доста успешни луѓе се оние кои се борат со брановите, ги совладуваат и учат од сегашните лекции искуства и знаења кои многу им служат во иднината.

Тоа значи дека ако не се изложите, нема да знаете што е се можно.

Исто како малото дете кога проодува. Паѓа но, станува и продолжува понатаму. Што би се случило ако падне и никогаш не стане? Нема да научи да оди. И уште пострашно, нема да го открие животот туку ќе живее презаштитнички или банален живот.

Сватете дека никој, па ниту Вие ниту психотерапевтите сме семоќни. Со самото прифаќање дека понекогаш нештата се онакви какви што се и ние не можеме да ги смениме, или не ни оди во интерес толку енергија, време и здравје да инвестираме во нешто од кое помалку добиваме, е уште една вештина за стимулирање на резилиентноста.

Какви се вашите цели? Реални-нереални, грандиозни, временски блиски, временски далечни,…? Поставувајте реални, едноставни и временско блиски цели. Тогаш секоја нивна реализиација ќе Ве мотивира за нови цели. На тој начин ќе се движите низ животот и ќе се челичите.

Каква е сликата за Вашата личност? Иако сликата или самодовербата и себепочитувањето се зародуваат и се создаваат во детството и имаат тенденција како константа да опстојуваат во животот се додека нешто трауматски не ја рани личноста и ја намали отпорноста или пак почне да работи на себе или доживее успех и ја зголеми истата, доградувајте ја сликата за себе како сложувалка од успеси од решените проблеми или предизвици. Гледајте ги работите во перспектива. Имено не ги зголемувајте проблемите и гледајте ја поголемат слика.

Грижете се за себе.

Не се ставајте на последно место, бидејќи така постарите не учеле. Да се ставиш себе на прво место и да се грижиш за себе не е скржавост и нарцисоидност, туку е грижа за себе, се додека не биде на туѓа сметка.

Спортувајте, спијте доволно и квалитетно, ситните нешта нека поминат низ Вашиот организам и не дозволувајте да се залепат како болест на Вашето тело.

Користете ја природата како извор за релаксација, спорт и рекреација.

Побарај совет или насока од Розалија Секулоска

резилиентни Розалија Секулоска

Мојот пристап е насочен кон клиентот, што значи дека ги приспособувам моите методи за да ги исполнам специфичните потреби и цели на секој поединечен клиент. Доколку ви е потребна помош или насока, ве повикувам да го пополните формуларот подолу.