fbpx
Работилница

Справување со анксиозност преку експресивна уметност

Целите на оваа работилница се запознавање со методот на експресивна арт терапија, истражување на  слободната уметничка експресија како начин за справување со анксиозност, проследено со искуствена работилница и вежби за возрасни лица кои се соочуваат со анксиозност.

Што можам да очекувам од оваa работилница?

Уметничката терапија за анксиозност е терапевтски пристап кој користи креативни процеси за да им помогне на поединците да ги изразат и разберат своите емоции. Со вклучување во создавање уметност, се намалува стресот, се добива поголема свесност за нашите емоционални состојби со цел да развиеме поздрави механизми за справување. Уметничката терапија обезбедува невербален излез за самоизразување, промовирање на релаксација, самооткривање и емоционално заздравување.

Целите на оваа работилница се запознавање со методот на експресивна арт терапија, истражување на  слободната уметничка експресија како начин за справување со анксиозност, проследено со искуствена работилница и вежби за возрасни лица кои се соочуваат со анксиозност.

Преку водени активности, ќе научите да ги канализирате вашите чувства во уметност, стекнувајќи увид и смиреност.

Предавач
Ана Тодоровска
лиценциран психолог и практичар на експресивна арт терапија

“Во својата работа користам 4 нишки: психологија, уметност, природа и заедница. Обучена сум во областите на прва психолошка помош, работа со жртви на семејно насилство, третман на траума преку арт терапија, психодијагностика, психо-социјална поддршка на заедницата. Практикувам интегративен пристап со фокус на експресивна арт терапија: пристап кој го користи креативниот процес за исцелување и психолошка добросостојба. За разлика од вообичаената психотерапија и советување, каде дијалогот се одвива меѓу клиентот и терапевтот, во експресивната арт терапија се додава уште еден елемент – делото на клиентот, кој го содржи клучот за негово исцелување.”

Датум

22.07.2024 / 19.00 часот

Времетраење

90 минути

Формат

Часот ќе се оддржи онлајн. Бројот на учесници е ограничен на 25.

Цена

250 мкд

Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

Разговор.мк – секогаш тука за тебе!