Она што нѐ дели од останатите живи суштества е нашата способност да го вклучиме говорот како фундаментална алатка при комуникација со останатите личности. Иако под комуникација се подразбираат и говорот на тело, мимиките, гестикулациите, сепак, вербалната комуникацијата е она што нѐ прави единствени како личности.
Јасното и искреното изразувањето на нашите намери и емоции во одредени ситуации може да претставува предизвик во нашиот секојдневен живот.
Често наместо директна комуникација, бараме алтернативно решение. Го премолчуваме нашиот став, очекувајќи другите да ги “прочитаат” и разберат нашите неискажани мисли, за потоа да се обвинуваме себе си зошто не сме биле разбрани онака како што навистина сме мислеле. Се впуштаме во одредени однесувања само за да им угодиме на другите, негувајќи скриена огорченост/порив во себе.
Корените на нашите комуникациски предизвици честопати потекнуваат од искуствата во детството, особено во случаи каде што сме биле обесхрабрени да го изразиме нашето мислење искрено и концизно. Во вакви ситуации, само континиуираното практикување на отворена и јасна комуникација ќе допринесе до усовршување на нашите комуникациски вештини. Освен тоа, ќе ја зголемиме и нашата самодоверба и слика за себе.
3 почетни начини за подобрување на твоите комуникациски вештини
Активно слушање
Активното слушање значи целосно концентрирање на она што го кажува другата личност, разбирање на нивната перспектива и промислено реагирање. Оваа практика ја нагласува важноста не само пасивно да се слуша што зборуваат другите, туку и активно да се вклучите во конверзација со нив. Истото вклучува активно внимание кон вербалните и на невербалните знаци. Тука спаѓаат говорот на телото, висина на тонот, изразите на лицето, контекстот на разговорот и се разбира, емоцијата која ја искажуваат. Накратко, слушајте за да разберете, а не да осудите или да дадете било каков повратен одговор!
Бидете автентични и свои
Автентичноста е клучна за искреноста во комуникацијата. Да се биде искрен значи да се изразуваш отворено, без преправање или скриени намери. Автентичната комуникација ја поттикнува довербата и ги зајакнува врските овозможувајќи полесно да се поврземе едни со други. Практикувањето ментални вежби за да се изгради внатрешна отпорност при комуникацијата станува се попотребно. Афирмациите како „Ќе бидам во ред, што и да се случи следно“ и „Она што го чувствувам заслужува да се слушне“ ја зајакнуваат нашата доверба во автентичното изразување. Автентичен јас за автентична ти!
Прифатете ги различните перспективи и разберете дека секој гледа различно на нештата.
Ефикасната и ефективна комуникација бара отвореност кон различни гледишта и подготвеност да се разберат туѓите перспективи. Преку овој начин одвојте време да сочувствувате со другите, земајќи ги предвид нивните потекла, искуства и верувања… Ставајќи се себеси на местото на другиот и разбирајќи ги туѓите емоции и “хоризонти“, придонесува да комуницираме со доза на чувствителност и сочувство, кои пак доведуваат и до развивање на подготвеност за поддршка на соговорникот. Емпатијата е важна.
Излезете, разговарајте со другите, слушајте ги и што е најважно, бидете подготвени да бидете воодушевени за време на овие интеракции.
Побарај дополнителен совет или насока од Клементина Добревска
Ова се само дел од начините преку кои може да ја подобриме нашата комуникација. На овој начин, создаваме чувство на заедничка поврзаност со останатите и автентични релации. Доколку имате потреба од поддршка, не двоумете се да го пополните формуларот подолу. Со задоволство ќе ви помогнам на вашето патување кон поголем успех и подобри комукациски вештини.