fbpx

Како да се донесе важна одлука

Добриот живот е резултат на низа добро обмислени одлуки. И покрај важноста на донесувањето одлуки, честопати занемаруваме да посветиме доволно внимание што тоа го бара. Кога се соочуваме со значајни одлуки, ни недостигаат ритуали и процедури, честопати одложуваме, се потпираме на најблиската личност, тонеме во амбивалентост со милион прашања или пак упорно брзаме кон неиспитано решение. За среќа, донесувањето правилна одлука е вештина и – како и секоја друга – може да се научи.

Дали да го слушам мојот инстинкт?

Одговорот на дилемата кога носиме некоја одлука честопати го знаеме инстинктивно, дури и ако веднаш не можеме да го препознаеме. Овој стомачен инстинкт е акумулација на сите лекции и искуства што сме ги научиле во текот на нашите животи, обработени несвесно и брзо. Иако можеби се гордееме што сме рационални и внимателни, игнорирањето на нашиот инстинкт може да значи губење на вреден увид. Поканувањето на нашиот инстинкт на масата за одлучување ни овозможува да ја разбереме таа перспектива и да ја подложиме на рационално вкрстено испитување.

Перспективата на крајот

Помислата на тоа како ќе биде на крајот има навика да ги истакнува нашите одговорности кон себе и да ја ослабне нашата грижа да живееме според она што општеството го очекува од нас. Со тоа што ќе се плашиме за една огромна работа, може да нè направи помалку исплашени од многуте помали пречки на нашиот пат.

Оваа свест може да обезбеди нова форма на самодоверба за справување со предизвиците и преземање на нови чекори. Со разгледување на нашите избори во контекст на нашите конечни посакувани животи, можеме да се погрижиме да донесуваме одлуки усогласени со нашите вистински вредности и долгорочно исполнување. 

Гласот на претпазливоста

Внимателноста секогаш треба да биде дел од процесот на донесување одлуки. Во време кое што често јаа велича храброста и преземањето ризик, лесно е да се занемари важноста на претпазливост. На крајот од денот, повеќето нови обиди и не успеваат, а многу нови врски едноставно ги повторуваат проблемите од претходните. Внимателноста не потсетува на потенцијалните загуби и влијанието на нашите амбиции врз оние околу нас. Го цени компромисот и признава дека идеалните опции се ретки за несовршените суштества. Понекогаш, побезбедниот избор може да биде помудриот.

Перспективата на храброста

Иако претпазливоста има свое место, исто така е од суштинско значење да се прифати храброста. Следењето на конвенциите и играњето безбедно може да доведе до стагнација. Најсреќните животи често вклучуваат моменти на смелост, каде што поединците ризикувале и успеале. Храброста вклучува правење на неочекувани, но пресметани чекори. Сепак, од клучно значење е да се балансира храброста со претпазливоста, осигурувајќи се дека храброста нема да стане непромислена, но и дека претпазливоста нема да се претвори во кукавичлук.

Консултирајте се со вашите вредности

За да донесете “правилна” одлукa, треба да имате јасна претстава за тоа како сакате да го живеете животот и каква личност сакате да бидете. Овој совет можеби звучи банално и очигледно, но може да биде навистина тешко да се обврзете да живеете според вашите вредности. Отфрлањето на вашето семејство, пријатели или вредности на заедницата, доколку тие не се совпаѓаат со вашите, е комплицирано и болно. Свртувањето грб на ветувачка врска затоа што не можете да постигнете заедничка визија за вашите животи е трогателно. Решението да не го следите сонот затоа што повеќе нема смисла со вашите секојдневни обврски, може да ве остави да се чувствувате скршено.

Трошењето време за да се разјасните за вашите вредности и како тие ќе се вкрстат со вашите тековни обврски, не е воопшто лесно. Ова е уште повеќе точно во криза кога нагонот да се одговори од страв ќе биде до небо.

Ако не сте сигурни кои се вашите вредности, погледнете ја оваа вежба за вредности. Изберете ги петте кои ви се најважни. Чувајте си ја таа листа и од време на време и потсетете се. Ако постојано донесувате одлуки врз основа на вашите основни вредности, на крајот од денот, секој исход ќе функционира сам по себе.

Пишувајте наутро.

Прво нешто откако ќе станете пробајте да пишувате „утрински страници“ – три страници дневник на хартија. Пред кафе, пред проверка на пораки, пред било што.

Правилата околу утринските страници се лабави. Можете да пишувате сè што ќе ви падне на ум: сон што штотуку сте го сонувале, вашите стравови за денот, благодарности или дури „не знам што да напишам“ одново и одново. Ова е техника која се покажува вредна за секој аспект од животот. Откако континуирано ќе го практикувате ова неколку месеци, ќе сфатите како позитивно влијае на тоа како ги организирате вашите мисли. Ќе ви помогнме да носите подобри, попромислени одлуки.

Ако не знаете како да започнете да размислувате за некоја одлука, еве неколку прашања кои ќе го поттикнат вашето размислување.

  • Која е примарната емоција што ја чувствувам при донесувањето на оваа одлука?
  • Дали има нешто што ме одвлекува во моментов што може да влијае на мојата способност да ја донесам најдобрата одлука?
  • Дали ги консултирав сите засегнати страни?
  • Кои информации ми фалат и ми се потребни за да ја донесам оваа одлука?
  • Кои се потенцијалните закани кон мојата самодоверба а во врска со оваа одлука?
  • Дали ја носам оваа одлука од најдобрата верзија од себе?
  • Во деновите кога нема да донесете одлука, сепак е добро да продолжите да пишувате. Може да се препуштите на свесно, долготрајно пишување за сите тешки моменти во вашиот живот. Ова исто така е силно поврзано со подобри долгорочни резултати за вашата ментална состојба. На стресот му се овозможува место да „замине“, наместо да се складира во телото.

Побарај совет или насока од Анѓела Богдановска

одлука - Aнѓела Богдановска

Донесувањето одлуки може да биде предизвик, особено кога чувствата на амбивалентност го заматуваат вашето расудување. Работејќи заедно, можам да ви помогнам да ги идентификувате основните фактори кои придонесуваат за вашата несигурност, темелно да ги истражите вашите опции и да развиете јасен пат напред. Ќе користиме техники засновани на докази за да ги подобриме вашите вештини за донесување одлуки и да изградиме доверба во вашите избори.

Ако имате какви било прашања или сакате дополнително да побарате насока за вашите грижи, пополнете го формуларот подолу.