Сигурно многумина од нас се запрашале – Како може работниот живот да ни биде значаен и исполнет? Денес, во просперитетен свет, не очекуваме само да добиеме финансиска стабилност преку нашиот труд; ние исто така, во поголема или помала мера, очекуваме да најдеме смисла и задоволство.
Финансиската стабилност често стои на патот за остварување на нашите вистински соништа, правејќи ги промените во кариерата предизвик бидејќи на сите ни требаат пари за да преживееме. Стравот од губење на постојан приход може да не’ зароби на работни места што не не’ исполнуваат, создавајќи циклус на незадоволство. Многумина од нас имаат страсти и аспирации кои ги ставаме во мирување поради финансиски обврски. Ослободувањето од овој циклус бара храброст, стратешко планирање, а понекогаш и преземање мали, податливи чекори кон нашите соништа, додека ја одржуваме финансиската сигурност.
Како можеме да одбереме кариера што е достојна за нас?
Прво, прифати дека да се биде збунет околу кариерата е сосема нормално.
Во прединдустрискиот свет, имало најмногу околу 2.000 различни занаети; во денешно време, се проценува дека имаме половина милион различни опции. Резултат: Изобилството од избори не парализира, не знаејќи што да избереме, на крајот не избираме ништо. Психолозите ова го нарекуваат „парадокс на избор“, парализа што произлегува од премногу опции. Разберете дека конфузијата и стравот се природни, но не дозволувајте да ве спречат да донесете одлука.
Понатаму, спознај се себеси.
Koj си ти, што ти е потребно за да напредуваш како човечко суштество и кои се твоите животни вредности? Ова е најстара филозофска препорака и има особено значење кога се работи за избор на кариера. За 99% од нас, знаењето што сакаме да правиме не настанува спонтано. Честопати ни недостасува јасен повик или глас кој нè насочува кон одредена професија. Тоа не значи дека немаме вкусови или склоности; едноставно не ги знаеме доволно јасно.
Финансиската паника премногу често го убива секој дијалог со поавтентичните, пострасни страни на нaшата природа и нашите потреби. Започнете да запишувате, без да бидете премногу логични или аналитички, во што некогаш сте уживале или уживате да правите. Овие активности може да вклучуваат изградба на дрвена кукичка, поправка на возила или пак, средување облека. Колку е почудна и поневеројатна листата, толку подобро. Во долгиот и збунет метеж што следи, некаде ќе се појави облик на идеално работно место.
За да бидеме сигурни дека нема да го поминеме остатокот од животот заробени во работа несвесно избрана за нас од нашите незрели 18-годишни јас, треба да бидеме правилно дарежливи во однос на времето што ќе го посветиме на оваа одлука. Земете си време колку што ви е потребно за да одлучите што понатаму. Не мора веднаш штом ќе завршите училиште да одберете што и каде ќе студирате.
Четврто, пробај нешто. Самото размислување не е доволно; ни треба искуство во реалниот свет за да се разбереме и себеси и работното место. Преземи мали чекори кон собирање информации, како што се разговор со професионалци, стажирање или волонтирање. Ако сте веќе вработени, не мора веднаш да ја напуштите работата. Истражете ги идните можности преку споредни проекти.
Петто, размисли за прашањето – Што ги прави луѓето несреќни.
Секој успешен бизнис во срцето е обид да се реши туѓиот проблем; колку е поголем и поитен проблемот, толку е поголема можноста. Секој проблем претставува потенцијална деловна можност и шанса да им служи на другите, што е и суштината на значајна работа. И покрај верувањето дека сè е испробано, сè уште има доволно простор за иновации и креативност во нашата економија.
Шесто, имај самодоверба.
Разликата помеѓу успехот и неуспехот често лежи во храброста да се обидеме. Замислете се себеси во посакуваната улога и верувајте дека не ви треба нечија дозвола. Недостатокот на самодоверба произлегува од погрешното разбирање на светот, мислејќи дека само одредени луѓе имаат право на успех. Ова не е вистина. Многу работи се повозможни отколку што сфаќаме, особено во моменти на сомневање во себе. Овој начин на размислување е почеток на наоѓање работа со која ќе се гордеете кога ќе погледнете наназад кон вашиот живот.
За крај, љубопитноста е клучна за професионалниот успех.
Љубопитниот ум ќе ги забележи и решава проблемите, а притоа не се плаши да проба нешто ново. Ќе ги бара согледувањата на другите и ќе се отвори за проширено размислување. Љубопитната личност никогаш нема да подлегне на апатијата, наместо тоа постојано да притиска за раст, иновации и подобрување. Секој што сака да изгради успешна кариера мора да ја прифати љубопитноста.
Но, љубопитноста не е суштинска само за професионално напредување – таа е од централно значење за поставување на целта и значењето на работата. Сите сакаме да чувствуваме дека нашата работа е значајна и сите имаме можност да ја направиме таква. Но, потребна е љубопитност – за нас самите, нашата работа и луѓето со кои работиме – за да се отклучи подлабока цел секој ден. Размислете за овие прашања:
Кои се моите клиенти и моите колеги?
Што им треба?
Што им е важно?
Кои се клучните пречки за нивната благосостојба што јас помагам да се надминат во мојата работа и како можам да го направам тоа подобро?
Како можам ефективно да го понудам тоа?
На кои двајца или тројца луѓе би можел/а најдобро да им служам денес?
Иако расте разбирањето за важноста на значајната работа и инклузивноста, модерните работни места се соочуваат со свои предизвици. Притисокот да се остане релевантен на пазарот кој брзо се менува, преголемото потпирање на технологијата и еродираните граници помеѓу работата и личниот живот може да доведат до исцрпеност, стрес и чувство на одвоеност.
Потрагата по значење во работата не е само тренд, туку фундаментална промена во начинот на кој гледаме на работата и нејзината улога во нашите животи, предизвикувајќи нè да го преиспитаме успехот, вредноста и целта во глобалната заедница која брзо се менува. Со фокусирање на значајна работа и инклузивност, можеме да создадеме работни места кои се и продуктивни и исполнети.
Побарај совет или насока од Драгица Стаменковиќ
Притисокот од избор на кариера може да се чувствува огромен, но со персонализирано водство, можете да откриете пат што се усогласува со вашите силни страни и страсти. Како психолог, тука сум да ви помогнам да ги разберете вашите уникатни вештини, вредности и интереси, нудејќи структуриран пристап за истражување на различни опции за кариера. Преку нашите сесии, ќе ги идентификуваме потенцијалните пречки и ќе развиеме стратегии за нивно надминување, за на крај, да носите сигурни одлуки за вашата иднина.
Пополнете го формуларот подолу доколку ви е потребна насока.