fbpx

Како да се надмине опсесијата кон невозвратена љубов?

Опсесијата е мисла која го запоседнува умот во континуитет. На опсесијата гледаме како “натрапник” кој може да ја натера личноста да игнорира важни делови од својот живот, придонесувајќи да ослабне или да се распадне функционирањето во сите сфери. Клучот е да се управува со нашите опсесии на начин на кој тие ќе ни помогнат, наместо да им дозволиме да го преземат нашиот живот.

Како се дефинира поимот опсесија кон некого?

Во својата суштина, опсесијата е ментална фиксација која често станува сеопфатна. Без разлика дали се работи за поранешен партнер, пријател, па дури и познаник, опсесијата може да ги наруши нашите перцепции и приоритети. Првично, оваа фиксација може да се чувствува како живост, пополнувајќи ја празнината или давајќи чувство на цел и енергија. Меѓутоа, со текот на времето, може да ги засени другите области од нашиот живот, што ќе доведе до емоционална вознемиреност и искривено чувство за реалност.

Штетните ефекти на опсесијата се повеќеслојни. Може да не’ изолира од пријателите и семејството, да ја попречи нашата продуктивност и да создаде илузија дека нашата среќа зависи исклучиво од личноста со која сме опседнати. Оваа тунелска визија може да доведе до занемарување на грижата за себе и одговорностите, што го влошува чувството на загуба и празнина кога “предметот” на опсесија е недостижен.

Како да се запре опсесијата поради невозвратена љубов

За многумина од нас, постојат интензивни периоди во нашите животи кога сме морале да ја поднесуваме агонијата на невозвратена љубов. Среќата, тогаш, е единствено условена од насмевка, контакт, средба со “недостижната” личност. Епохалната среќа изгледа примамливо блиска, целосно реална, а сепак лудо недостижна. Во такви моменти често не’ советувале да се обидеме да ја заборавиме личноста, да мислиме на нешто или на некој друг. Сепак, овој добронамерен совет е длабоко погрешен. Лекот за љубовта не лежи во тоа да престанете да размислувате за тој или таа, туку да научите да размислувате поинтензивно и поконструктивно за тоа колкава е вашата вредност и колкава е оправданоста, а и причината за целосно фокусирање кон посакуваната личност.

Илузијата на совршенството

Маките од невозвратена љубов се вкоренети во нашата идеализација на личноста. Ги гледаме низ објектив кој само ги зголемува нивните доблести. Од далечина изгледаат совршено – бескрајно шармантни, убави и љубезни. Но, ова не е вистина – тие се исто толку “обични” како и сите други. Нашиот недостаток на знаење за нивната пореална природа ги прави нашите чувства поинтензивни и потрајни. Бидејќи не се зближуваме доволно за да ги забележиме нивните несовршености, не можеме да се измориме од нив како што би се “измориле” во нормална, реципрочна врска. Не е нивниот шарм што не’ држи приврзани – туку е нашето непознавање на нивните маани.

Лекот за невозвратена љубов

Решението за невозвратената љубов е едноставно: да пробаме да ја разбереме личноста од друга перспектива. Да пробаме да ги потенцираме нивните досадни навики, тврдоглавост, критичка природа и чувствителност на тривијални работи. Како што дознаваме повеќе, ќе видиме дека тие се всушност – исти како и сите други. Личноста со која сте опседнати е веројатно исто толку несовршена како и сите други. Разбирањето на ова може да ви помогне да сфатите дека постојат многу други опции кои се подеднакво достојни за вашата наклонетост, а кои во исто време се можеби и посоодветни, покомпатибилни на вашата личност.

Кога ќе препознаеме дека секој има свои недостатоци, станува полесно да се види дека нашата љубов не е уникатно совршена или незаменлива. Ова сознание отвора можност да се најдат слични квалитети на кои им се восхитуваме и кај други луѓе. Има безброј поединци со кои можете да формирате значајни и исполнети врски, секој со својот уникатен спој на доблести и несовршености.

Неколку практични чекори за да го намалите вашето опсесивно размислување

Признајте ги вашите чувства

Прифатете ги вашите емоции без осудување. Разберете дека е нормално да чувствувате “занес” за некого, но и да ја препознаете важноста на рамнотежата.

Фокус на себе

Вклучете се во активности кои навистина ве интересираат. Прочитајте добра книга, гледајте забавен филм или бидете со пријател кој ви значи. Грижата за себе и други важни личности во вашиот живот ќе ве одвлече од преокупираноста со опсесивните мисли. Ова ќе ви даде одмор и потсетување дека постојат многу убави и важни делови од животот, кои вистински ве градат и исполнуваат .

Ограничете ја изложеноста

Намалете го времето што го поминувате размислувајќи за личноста со која сте опседнати. Ова значи да не ги следите на социјалните мрежи, да избегнувате места за кои знаете дека ги посетуваат и да се спротивставите на нагонот да им се обратите.

Можете да пробате да си поставите јасни граници во однос на личноста со која сте опседнати. Запишете ги овие граници и сметајте се себеси одговорни пред нив.

Со тек на време, ќе помине.

Не се обвинувајте себеси и не дозволувајте да ве обзема очај. Бидете трпеливи и верувајте дека со тек на време, ќе се намали интензитетот на вашите чувства. Ова е сигурно. Постепено, емоциите ќе се усогласат со вашето рационално разбирање.

Побарајте поддршка

Разговарајте со пријатели, семејството или терапевт за вашите чувства. Споделувањето на вашите мисли и емоции со другите може да обезбеди олеснување и да понуди нови перспективи. Понекогаш, знаењето дека некој друг разбира низ што поминувате, може да биде неверојатно утешно.

Побарај совет или насока од Нина Тасевска

невозвратена љубов нина тасевска

Кога се справувате со болката од невозвратена љубов, таа може да се чувствува сеопфатна и поразителна. Јас сум тука за да понудам сочувство и разбирање каде што можете отворено да ги споделите вашите чувства. Заедно, можеме да работиме на овие емоции користејќи техники за да ги идентификуваме и оспориме сите негативни мисли што би можеле да придонесат за ваша вознемиреност. Со градење поздрави стратегии за справување и зајакнување на вашата самодоверба, ќе бидете спремни да се справите со овие тешки чувства

Ако ви е потребна поддршка, ве поканувам да го направите првиот чекор со пополнување на формуларот подолу.