fbpx

Справување со ниска самодоверба, самопочит и несигурност

Сите ние, во одреден момент од нашиот живот, се соочуваме со ниска самодоверба. Овие чувства не само што влијаат на начинот на кој се гледаме себеси и се однесуваме во различни ситуации, туку често се и основа на внатрешна несигурност.

Несигурноста како корен на овие проблеми може да биде резултат на многу фактори, како што се начинот на кој сме воспитани, справувањето со траумите во детството, па дури и влијанието на медиумите и социјалните мрежи.

Овие фактори честопати може негативно да влијаат на формирањето на нашите внатрешни чувства и да направат да се чувствуваме недостојни или недоволни. Исто така, овие извори на несигурност играат голема улога во формирањето на нашата самодоверба и често не тераат да се сомневаме во нашите способности и вредности.

Чувства кои ни предизвикуваат ниска самодоверба и самопочит не се само резултат на нашите секојдневни предизвици, туку се поттикнати од длабоките уверувања што се формирани уште од нашето детство.

Разбирањето на оваа врска помеѓу несигурноста и самодовербата е првиот чекор кон градење здрава и исполнета личност. За да разбереме како да се справиме со ниската самодоверба, прво треба да го разбереме нејзиното значење.

Што претставува самодоверба и самопочит?

Самодовербата е повеќе од само поседување на чувство на сигурност. Самодоверба е способност да се соочиме со предизвиците, да ги искористиме можностите и да преземеме одговорност кога работите не одат според планот. Со други зборови, самодоверба е кога сте подготвени да се справите со сè што ќе ви застане на патот.

Од друга страна, самопочит е да се сакате, да се цените себеси и да останете верни на вашите вредности без компромиси. Таа вклучува уважување на сопствената достоинственост и морални стандарди, без оглед на надворешните оценки и мислења. 

Луѓето со висока самопочит се свесни за своите грешки и слабости, но исто така ги ценат своите силни страни и достигнувања. Тие се способни да се прифатат себеси како целина и перцепираат дека поседуваат вредност. Самодовербата и самопочитта често се две страни на иста паричка. Тие, исто така, го обликуваат начинот на кој размислуваме, чувствуваме и се однесуваме со себе, со другите и со светот.

Луѓето со здрава доза на самопочит и самодоверба не се потпираат на надворешни работи за да се чувствуваат доволни или задоволни од себе. Тие се грижат за своето здравје, својата заедница и можат целосно да инвестираат во себе и нивните врски, затоа што не се плашат од неуспех или отфрлање. 

И покрај тоа што може да се соочат со неуспеси, нивната самодоверба останува навидум недопрена. Тие се издржливи, се стремат кон раст и знаат да градат значајни врски. Овие поединци го прифаќаат ризикот, не подпаѓаат под надворешно влијание и знаат да си простат себеси и на другите кога грешат. 

Сепак, за некои личности, ова може да биде предизвик поради вкоренета омраза кон себе и негативните уверувања за сопствениот карактер, изглед или личност.

Што предизвикува ниска самодоверба?

Нашата самоперцепција e објективот низ кој се гледаме и длабоко влијае на способностa да се заштитиме и негуваме. Таа често се обликува од минатите искуства, особено од нашите интеракции со родителите. Додека различни животни настани можат да придонесат за самосомневање и ниска самодоверба, искуствата од детството често играат клучна улога.

  • Траума. Доживувањето на траума, без разлика дали тоа е физичка, сексуална или емоционална секогаш остава последици и влијае на самодовербата. Ако постојано поминувате низ овие болни спомени и се чувствувате измачени и засрамени, потребно е да побарате помош од професионалец.
  • Стил на родителство. Воспитување може да има трајно влијание врз нашата самодоверба. Родителската критика, споредбите или ниските/високите очекувања можат да придонесат за ниска самодоверба. Слично на тоа, родителската борба со ментална болест или злоупотреба на супстанции може негативно да влијае на нашата самоперцепција. Суптилни родителски пораки како „Кој мислиш дека си?“ исто така може да  создаваат сомеж во сопствените способности, дури и ако тие се наменети да бидат заштитнички по природа.
  • Малтретирање и булингот во детството остава траен белег на нашата самодоверба, влијаејќи на тоа како се гледаме себеси во однос на физичкиот изглед, интелигенцијата, нашите севкупни способности и важни аспекти од животот. Ова често знае да активира социјлна анксиозност и депресија.
  • Надворешно медиумско влијание. Многу медиумски пораки имаат за цел да направат да се чувствуваме нецелосни. Компаниите кои се обидуваат да ни продадат некој продукт, често со посочување на „проблем“ којшто во реалноста е мал или неважен и никогаш не би го забележале.
Сега, со оглед на тоа што социјалните мрежи се насекаде, овие пораки стигнуваат уште поблиску до нас. Една од причините поради која се бориме со несигурноста – се споредуваме со сите други. Лесно е да се поверува дека сите во вашиот круг имаат совршен брак, идеална кариера и неверојатен изглед. 

Но, важно е да запаметиме дека она што луѓето го споделуваат на интернет е внимателно одбрано и уредено. Секој се соочува со тешки денови, сомнеж во себе и физички недостатоци. Не постои совршенство – никогаш и никаде. Едноставно, лошите страни не се прикажуваат на социјалните мрежи.

Важноста на самодовербата, самопочитта и самоприфаќањето

Повеќето луѓе на кои им недостасува самодоверба се трудат да го стекнат тоа чувство на доволност, за да бидат сакани и прифатени од другите. Сепак, вистинскиот пат до самодовербата не лежи во надворешна валидација, туку преку внатрешн прифаќање. Самоуверените луѓе не бараат потврда од другите, тие поседуваат чувство на вредност што произлегува од самоприфаќање и самопочит.

Тие се прифаќаат себеси, се чувствуваат вредни и доволни.

Која е разликата помеѓу луѓето со висока и ниска самодоверба? 

Поединците со висока самодоверба имаат јасно разбирање за себе, за своите желби и за своите цели. Тие поседуваат добро дефинирани лични принципи, морални вредности, граници, потреби и очекувања. Спротивно на тоа, на оние со ниска самодоверба често им недостасуваат овие квалитети, што ги прави подложни на надворешни влијанија и сомнеж во себе.

Два типа на ниска самодоверба

  1. Неодлучни луѓе и луѓе кои немаат желба да откријат што сакаат

Неодлучноста може да биде значајна пречка во градењето на самодоверба. Кога луѓето не се сигурни во своите желби, тие имаат проблем во поставување цели и преземање акциии. Оваа неажурност може да доведе до чувство на стагнација и фрустрација, што дополнително ја намалува самодовербата.

Да не знаете што сакате не е проблем, но ако не сакате да откриете што сакате или посакувате е проблем. 

Ако не преземеме акција за да откриеме што сакаме и се стремиме да го постигнеме, секогаш можеме да ја екстернализираме вината за последиците. Овој тип на личност обично избегнува лична одговорност.

Пример:
– Дали сакаш да јадеш пилешко за ручек?

– Не знам.

– А компири за ручек? 

– Не сум сигурен.

– Ти се јаде риба за ручек?

– Можеби.

– Направив шпагети со сос. 

– Е кај најде тоа јадење да го направиш денес? Не ми се јаде тоа. 

  1. Луѓе кои знаат што не сакаат

Иако е неопходно да се има јасни граници, засновањето на идентитетот само на негативни искуства може да биде штетно за самодовербата. Поединците кои се дефинираат со нивните негативни искуства може да станат премногу критични и отпорни на нови искуства. Ова може да го попречи личниот раст и да ги ограничи можностите за позитивни искуства.

Да знаете што не сакате е подобро отколку да не знаете. Но нашите одлуки не треба да бидат реактивни и спротивни на ситуацијата или предметот кој ни создава негативни чувства, туку проактивни и во согласност со нашите потреби и барања.

Пример: Моите родители кога ме растеа никогаш немаа доволно разбирање кон мене. Затоа јас на моите деца ќе им дадам целосно разбирање, па дури и ќе бидеме најдобри другари/другарки.

Практични совети за градење на самодоверба и стекнување самопочит

Самопочитта и самодовербата се сложени чувства или уверувања кои се под влијание на комбинација од фактори, вклучувајќи ја генетиката, воспитување и рано животно искуство, напор за личен развој и културолошки и општествени влијанија. Ова значи дека самодовербата и самопочитта не се стриктно нешто со кое сте родени, ниту се само карактерни црти или вештини. 

Наместо тоа, тие се мешавина од сите овие елементи. Значи, доколку чувствувате дека самодовербата не е нешто со кое сте родени, добрата вест е дека може да ја стекнете со вежбање и труд. Еве неколку работи што можете да ги вклучите во вашиот живот за да ја зголемите вашата самодоверба.

Побарај дополнителен совет или насока од Верица Бакулеска

Верица Бакулевска ниска самодоверба

Не останувајте сами во вашата борба за подобрување на самодовербата. Ако се соочувате со предизвици кои ве спречуваат да се чувствувате целосни и силни, обратете ми се за помош. Како искусен професионалец, можам да ве поддржам и водам во реформирањето на вашите несигурности и негативни мисли преку градење на издржливост преку заеднички разговори, поставување цели и практични стратегии.

Мојата цел е да ги поттикнам клиентите самоуверено да се движат низ сложеноста на животот. Mојот пристап е вкоренет во поттикнување на безбеден и неосудувачки простор за клиентите да ги истражуваат и разберат нивните предизвици. Ако имате прашања или ви треба поддршка, ве повикувам да го пополните формуларот подолу.

Интегритет 

Усогласувањето на вашите постапки со вашите вредности е клучно за градење самодоверба. Ова усогласување создава циклус на позитивна поткрепа која ја зајакнува нашата решеност да дејствуваме со интегритет и дополнително ја зголемува нашата доверба. Кога живеете со интегритет, негувате чувство на автентичност и цел што негува самопочит. 

Верувајте во вашата способност за подобрување

Растот се случува надвор од нашата комфорна зона. Излегувањето надвор од вашите ограничувања и прифаќањето на новите предизвици, без оглед на исходот, гради самодоверба и издржливост. 

Гледајте ги грешките како отскочна даска

Прифатете дека грешките и неуспехот се дел од процесот на учење. Исто така, оставете неуспехот да биде вашето гориво за успех. Кога сте во тешка ситуација, признајте дека нема да биде лесно, очекувајте грешки и немојте да бидете претерано критични кон истите, туку фокусирајте се на наоѓање решенија за проблемот.

Вклучете физичка активност

Истражувањата покажаа дека вежбањето може да ја зголеми самодовербата и целокупната благосостојба. Најдете активности во кои уживате, без разлика дали се работи за спорт или едноставно брзо одење, и нека бидат редовен дел од вашата рутина.

Прифатете ја несовршеноста

Кога се стремиме кон совршенство, се подготвуваме за неуспех и разочарување, што може да ја наруши нашата самодоверба. Со признавање и прифаќање на нашите несовршености, се ослободуваме од нереалните очекувања за совршенство. Ова ни овозможува да се фокусираме на нашите силни страни и достигнувања наместо да се задржуваме на нашите недостатоци.

Не се преокупирајте со туѓите мислења

Вистинската зрелост и самодоверба вклучуваат прифаќање дека вашите избори и постапки што нема секогаш да бидат одобрени и прифатени од сите. Иако барањето повратни информации е вредно, не дозволувајте надворешната валидација да ја диктира вашата самодоверба.

Побарајте професионална помош

Ако ниската самодоверба значително влијае на вашиот живот, размислете да побарате стручно водство од терапевт. Терапијата може да обезбеди безбеден простор за истражување на основните причини за борбата за вашата самодоверба и развивање ефективни механизми за справување.

Потребно е време, напор и доследна грижа која негува позитивна слика за себе. Со вклучување на овие совети во вашиот живот, можете постепено да ја изградите вашата самодоверба и да го прифатите вашиот вистински потенцијал.

Побарај дополнителен совет или насока од Верица Бакулеска

Верица Бакулевска ниска самодоверба

Не останувајте сами во вашата борба за подобрување на самодовербата. Ако се соочувате со предизвици кои ве спречуваат да се чувствувате целосни и силни, обратете ми се за помош. Како искусен професионалец, можам да ве поддржам и водам во реформирањето на вашите несигурности и негативни мисли преку градење на издржливост преку заеднички разговори, поставување цели и практични стратегии.

Мојата цел е да ги поттикнам клиентите самоуверено да се движат низ сложеноста на животот. Mојот пристап е вкоренет во поттикнување на безбеден и неосудувачки простор за клиентите да ги истражуваат и разберат нивните предизвици. Ако имате прашања или ви треба поддршка, ве повикувам да го пополните формуларот подолу.