fbpx

Како да се справиме со завршување на врска

Завршувањето на значајна врска е еден од најпредизвикувачките и емотивно турбулентен период во нашите животи. Тоа е чувство и процес што секој од нас, порано и подоцна, го поминал во животот. Без разлика дали станува збор за романтично партнерство кое го достигнало својот рок на траење, пријателство кое се распаднало или семејна врска која прекинала, крајот на една релација секогаш нè остава да се чувствуваме отфрлени, повредени и несигурни за иднината. Важно е да се запамети дека ова време на транзиција, исто така, има потенцијал за огромен личен раст и самооткривање. Обезбедува можност за создавање нови врски кои поавтентично се усогласуваат со нашите вредности.

Овде ќе се насочиме на романтичните врски.

Зошто врските некогаш имаат крај?

Кога се анализира зошто паровите раскинуваат, фокусот често е на идејата за разликите меѓу нив. Општото верување е дека сличностите ги одржуваат врските, додека разликите ги раздвојуваат.

Иако ова е точно, некогаш успехот на врската зависи од тоа како паровите се справуваат со нивните разлики, а не од самото постоење на истите.

Самата компатибилност не може да одржи трајна љубов бидејќи неизбежно води до апсурдни очекувања. Дури и ако партнерите првично споделуваат многу заеднички интереси, тие сепак можат да се разочараат еден со друг со текот на времето бидејќи откриваат мали разлики во нивните преференции. 

Освен ова, причини за крај, можат да бидат: недоволна комуникација, губење на довербата, различни приоритети, недоволно почитување и сл.

Што после завршување на врската?

Процесирајте ги вашите чувства

Речиси секогаш, првиот чекор при заздравувањето од крајот на врската е да ја признаете и прифатите сложената низа на емоции и чувства што се појавуваат во вас. Често, најдоминантните чувства по завршувањето на врската се гневот и тагата. Процесирањето на истите е многу важно.

Создадете безбеден простор за себе каде што ќе можете да жалите за загубата, почитувајќи го значењето на она што некогаш било. Разберете дека е во ред да жалите за крајот на значајна врска. Ако во овој период се потиснат емоциите, „раните“ нема да престанат да болат. Напротив, ќе ја интензивирате и пролонгирате болката. 

Фокусирајте се на вашиот личен раст и развој

Размислете за врската која ја имате со самите себе. Колку ја негувате?

Довербата, почитувањето, прифаќањето, емпатијата и добрата комуникација се дел од клучните елементи за градење силна врска со другите. Овие елементи се исто толку важни кога станува збор за односот што го имате со себе. Кога имате ниска самодоверба и лоша врска со себеси, клучот за подобрување на истата е да најдете начини за повторно поврзување со вашето автентично јас. Ова можете да го направите доколку се насочите на работи кои се добри за развој на вашата личност, како на пример – насочување на области од животот кои сте ги запоставиле, на нешта кои ќе ви ја зголемат енергијата, нови хобиња, учење на нови вештини и слично.

Размислете за лекциите кои може да се научат од прекинот на врската

Раскинувањето е можност да го преиспитате вашиот живот и да научите за себе и за вашите односи. За да го направите ова, кога ќе се чувствувате подготвени може да си ги поставите следниве прашања:

  • На каков начин избирате партнери?
  • Дали постојат различни, подобри начини на кои би можеле да реагирате при конфликт?
  • Колку сте отворени да ги прифатите другите онакви какви што се навистина, наместо да барате да бидат нешто што вие мислите дека „треба“ да бидат?
  • Дали имате тенденција драстично да се менувате себеси кога сте во врска за да бидете онакви какви што мислите дека вашиот партнер сака да бидете?
  • Дали чувствувате дека ги контролирате вашите чувства или тие ве контролитаат вас?
  • Дали јасно им ги изразувате вашите потреби и желби на другите?
  • Гледајќи наназад, кои работи кои вие ги направивте предизвикаа проблем во врската?

Овие прашања одговорете ги искрено и без осудување поради вашето однесување во минатото (ова никогаш не е корисно). Наместо тоа, фокусирајте се на она што можете да го преземете за да си помогнете да направите подобри избори во иднина.

Побарајте професионална поддршка

Ако крајот на врската на вас влијае многу интензивно и трае подолг период, барањето поддршка може да биде неизмерно корисно. Лиценциран психолог или терапевт обезбедува вредни насоки. Обезбедува простор за изразување без осудување и ефективни стратегии за справување прилагодени на вашите специфични потреби. Тие можат да ви помогнат да се движите низ сложените емоции, да стекнете јасност за вашите стилови на поврзување и да развиете здрави механизми за справување.

Запомнете дека крајот на врската не ве дефинира. Потребно е време и трпение со себе додека ги обработувате вашите емоции. Побарајте поддршка од најблиските кои можат да обезбедат утеха и разбирање во овој период. Грижете се за себе со активности кои ви пружат задоволство и спокој.

Размислете за лекциите научени од врската и искористете го ова знаење за да стекнете подлабоко разбирање за себе и за вашите потреби. Разберете дека врските можат да завршат поради различни причини. Важно е да не се обвинувате себеси или да се задржувате на минатото.

Прифатете ја моменталната ситуација и бидете сигурни дека крајот на една врска, секогаш, се надминува.

Побарај дополнителен совет или насока од Верица Бакулеска

Верица Бакулевска завршување на врска

Со фокус на градење искрена и автентична терапевтска врска, обезбедувам безбеден и неосудувачки простор за клиентите да ги истражат своите емоции, да стекнат самосвест и да интегрираат фрагментирани делови од себе.

Користејќи ги гешталт и психодрама техниките, ги охрабрувам клиентите да ја зголемат нивната свест за сегашниот момент, да ги истражуваат сопствените релациски стилови и да експериментираат со различни можни решенија за нивните предизвици. Со вклучување во креативни процеси, клиентите можат да го искористат нивниот вроден капацитет за раст и самооткривање.

Ако имате какви било прашања за справување со крај на врска, ве молиме пополнете го формуларот подолу. Нудам бесплатен писмен одговор на вашето прашање и попуст за првата сесија за консултации доколку верувате дека можам да ви помогнам. Вашата благосостојба и трансформација се мои приоритети.