fbpx

Запознај ги психолозите зад екраните: Огнен Велевски

Разговор.мк е платформа која овозможува анонимен пристап до лиценцирани психолози. На платформата можете да изберете некој од нашите 60+ професионалци за ментално здравје. Со цел подобро да ги запознаете психолозите, им поставивме неколку кратки прашања на кои тие одговорија. Денес разговараме со Огнен Велевски.

За својата биографија Огнен Велевски вели:

Јас сум дипломиран и лиценциран психолог. Стажант психолог на УК Мајка Тереза – Скопје, на одделот Детска и младинска психијатрија. Имам петгодишно искуство како едукант во психотерапевските правци Интегративна психотерапија (2 години), Гешталт Психтерапија (1 година), Трансакциона анализа (2 години) и моментално сум едукант по Психодрама. Се имам стекнато со бројни сертификати од областа на психологија и психотерапија како во Македонија, така и во странство. Како психолог имам работено на линиите за поддршка додека траеше Ковид пандемијата.

За неговиот пристап на работа Огнен Велевски вели:

Користам интегративен пристап вклучувајќи неколку психотерапевтски правци, како Интегративен приод, Гешталт психотерапија, Трансакциона психотерапија и Психодрама.

Зошто станавте психолог/психотерапевт/советувач?

По завршувањето на средно училиште имав некоја кратка депресивна епизода. Тогаш за прв пат разбрав што е психолог и се запознав со улогата на психотерапевт. Дотогаш, искрено, немав поим како е да се оди на психотерапевт, освен оние лаички познавања дека постои наука која се вика психологија и се занимава со луѓето. Иако доста млад, веднаш разбрав колку е добро тоа да се работи на себе. Си ветив дека ќе се запишам на психологија, и кога ќе успеам да си помогнам на себе, ќе им помагам и на другите. И, еве ме тука. ????

Што ве мотивира да работите секој ден?

Искрено, потребата да им помагам на другите. Некако, кога бев помал почнав да разбирам дека мојата личност и мојот сензибилитет се така од Бога дадени, да луѓето постојано ми се доверуваат за нивните лични проблеми и јас некако им помагам. Додека бев млад несвесно го правев тоа. Но, со текот на времето се стекнав со животни искуства и алатки кои ми помогнаа подобро да се разбрам и си помогнам пред се себеси, потоа и на другите, искуства и алатки кои со драго срце ги користам во разговорите. И на крај, а како да не ме мотивира секојдневно, онаа искрена насмевка, прегратка, по завршување на разговорот со клиентот и она искрено: “Фала ти! Баш ова ми требаше!”

Побарајте совет од Огнен Велевски 

Поплнете го прашалникот подолу и добијте бесплатен пишан совет од Огнен Велевски. Дополнително, ве охрабруваме да ја искористите и можноста да закажете прва бесплатна сесија или сесија со значителен попуст. Со ова добивате можност подобро да се запознаете со Огнен и неговиот пристап на работа. Вашата меил адреса нема да биде видлива за психологот. Потребна ни е за да можеме да ви ги испратиме пишаните одговори од психологот. 

Кои промени сакате да ги видите или направите поврзани со менталното здравје во општеството?

Па, не почнав со психологија да видам или правам некои си промени во општеството. Започнав за да им помогнам на луѓето да станат посвесни за себе, за тоа како се чувствуваат, и што е најважно да ја разберат личната одговорност и моќ која ја имаат за тоа како тие ќе се чувствуваат. Исто така, сакам да ја зголемам свесноста за тоа како луѓето ќе реагираат и како ќе се однесуваат во дадени ситуации, за што поуспешно да се справуваат со нив, успешно да поставуваат и да ги уважуваат своите и туѓите лични граници. Сакам тоа да биде моето влијание со цел моите клиенти да станат позрели, посвесни и активни личности, кои плодоносно ќе работат и функционираат секојдневно, активно грижејќи се за себе и за својата околина.

Што правите во слободно време?

Ох, морам да кажам дека малку го имам. Но, тоа што го имам, го користам за да отидам да гледам фудбал дали на стадион или телевизија, имаме своја театарска група “Отпишани” во која глумам и играме претстави и одиме на фестивали. Одиме да гледаме претстави и одиме на разни културни настани. Дружбите со најблиските пријатели на кафе или пиво. И најубавото, кога се шетам со моето куче Ајла.

Ако мора да дадете само 1 совет за луѓето кои бараат психотерапија или советување, кој совет би го дале?

Штом веќе сте изразиле желба и имате потреба да одите на психотерапија, значи дека вашето тело и ум ја имаат потребната енергија да се соочите со предизвиците кои ќе дојдат на патот во процесот на работа. Бидете искрени и слободни со себе да се чувствувате како што Ви доаѓа во процесот на работа, зошто само така ќе можете да видите каде е проблемот, во колкав интензитет се пројавува и што ви доаѓа лично одвнатре да направите во врска со тоа. Техниките, алатките за работа се работа на терапевтот.

Разговор.мк мобилна апликација

За да дознаете повеќе за Огнен Велевски и да прочитате повеќе за неговото работно искуство, достапните термини и цените за разговор преземете ја нашата мобилна апликација со клик на сликата подолу. Откако ќе се најавите анонимно, ќе бидете пренасочени кон самиот профил на психологот.