fbpx

Стрес и Анксиозност – како да препознаете?

Границата помеѓу стресот и анксиозноста е тенка. И двете состојби се емоционални одговори, но стресот обично е предизвикан од некој предизвикувач-стресор.

Активирањето може да биде краткорочно или долгорочно. Краткорочно би било работен рок или караница со саканата личност. Дологорчно би било неспособност за работа, дискриминација или хронична болест.

Луѓето под стрес доживуваат ментални и физички симптоми, како што се раздразливост, лутина, замор, болки во мускулите, дигестивни проблеми и тешкотии со спиењето.

Анксиозноста, од друга страна, е дефинирана со постојани, прекумерни грижи кои не исчезнуваат дури и во отсуство на факторот-стресорот. Анксиозноста води до речиси идентичен сет на симптоми како стресот: несоница, тешкотии со концентрирање, замор, мускулна напнатост и раздразливост.

Причини за стресот и анксиозноста

Стресот и анксиозноста често се користат наизменично и помеѓу нив постои преклопување. Стресот е поврзан со истиот одговор т.н. „бори се, бегај или замрзни“ („fight, flight, or freeze“) како и анксиозноста. Дополнително, физичките сензации на анксиозноста и стресот може да бидат многу слични.

Сепак, причините за стресот и анксиозноста обично се различни. Стресот се фокусира главно на надворешните притисоци врз нас со кои ни е тешко да се справиме. Кога сме под стрес, обично знаеме за што сме под стрес, а симптомите на стрес обично исчезнуваат откако ќе заврши стресната ситуација.

Анксиозноста, од друга страна, не е секогаш толку лесно да се открие. Анксиозноста се фокусира на грижи или стравови за работи кои би можеле да ни се закануваат, како и на анксиозност за самата анксиозност.

Справување со стрес и анксиозност

И благиот стрес и благата анксиозност добро реагираат на слични механизми за справување. Физичката активност, здравата исхрана и добрата хигиена на сонот се добра почетна точка, но постојат и други механизми за справување.

Ако вашиот стрес или анксиозност не реагираат на овие техники за управување, или ако чувствувате дека стресот или анксиозноста влијаат на вашето секојдневно функционирање или расположение, размислете за разговор со професионалец за ментално здравје. Психолог или советувач може да ви помогне да разберете што доживувате и да ви обезбеди дополнителни алатки за справување. 

На пример, психолог може да помогне да се утврди дали можеби имате анксиозно растројство. Анксиозните растројства се разликуваат од краткорочните чувства на анксиозност по нивната сериозност и по тоа колку долго траат. Анксиозноста обично трае со месеци и негативно влијае на расположението и функционирањето. Некои анксиозни нарушувања, како што е агорафобијата (стравот од јавни или отворени простори), може да предизвикаат личноста да избегнува забавни активности или да го отежне задржувањето на работата. 

Исто така, работата со психолог-советник може да доведе до насока на препознавање дали можеби станува збор за генерализирано анксизоно растројство или панично растројство, односно диференцијална проценка и увид дали е потребно да се вклучи и медикаментозна терапија, паралелно со психотерапија/советување.

Добиј совет од Билјана

Билјана Стојановска е лиценциран психолог кој е достапен преку Разговор.мк мобилната апликација. Можете анонимно да го споделите вашиот предизвик со неа и да добиете бесплатен пишан одговор. Дополнително, Билјана може да ви понуди бесплатна консултативна сесија или сесија со попуст. Вашата ел. пошта нема да биде видлива за Билјана, таа ќе може да го види само корисничкото име кое сте го напишале.

Побарај совет или насока од Билјана Стојановска

Адолесцентна криза Билјана Стојановска

Јас сум тука да ви помогнам да ги прифатите вашите чувства и да ја зголемите вашата самодоверба со суштинско познавање на внатрешното себе и вашата реалност. Ако се чувствувате заробени во вашата болка, не треба сами да се справувате со тоа. Доколку имате прашања или ви треба насока, слободно контактирајте ме со пополнување на формуларот подолу.