fbpx

Запознај ги психолозите зад екраните: Ивица Павлов

Ивица Павлов

Разговор.мк е платформа која овозможува анонимен пристап до лиценцирани психолози. На платформата можете да изберете некој од нашите 40+ професионалци за ментално здравје и анонимно да се допишувате или пак да имате аудио/видео разговор. Со цел подобро да ги запознаете психолозите, им поставивме неколку кратки прашања на кои тие одговорија. Денес разговараме со Ивица Павлов.

Кратко за Ивица Павлов

Ивица Павлов е дипломиран лиценциран психолог и Когнитивно-Бихевиорален (КБТ) советник за возрасни лица и родители. За неговиот пристав во работата тој вели: “Заедно ќе го пронајдеме главниот извор на проблемот, а потоа преку советување, психоедукација или Когнитивно-Бихевиоралната психотерапија ќе ја промениме и подобриме вашата здравствена/психичка состојба.”

Зошто станавте психолог/психотерапевт/советувач?

Станав психолог заради подобрување на психолошката состојба на луѓето, вербата во позитивната–силна страна на човекот, надежта за подобра иднина и љубовта кон себеси и ближниот. На секој му е потребно помош, разбирање и прифаќање.

Што ве мотивира да работите секој ден?

Најголема мотивација ми е подобрување на здравствената состојба и менталното здравје на луѓето, изнаоѓање на практични и функционални решенија при соочување со секојдневните предизвици и потешкотии како и зголемување на свесноста за себеси и околината.

Кои промени сакате да ги видите или направите поврзани со менталното здравје во општеството?

Би сакал да живеам во свет каде свесноста за себеси и потребата од психосоцијална подршка за сите без разлика на возраста и општество е без табуа. Би сакал да видам свет каде постои грижа за психолошката состојба за себеси и семејството на дневно ниво.

Како вие ја дефинирате грижата за менталното здравје?

Грижата започнува од себеси. Човекот и неговиот развој е одраз на општеството, секојдневните случувања и начинот на кој што Личноста ги
доживува нештата. Сопствениот свет е одраз на самата личност, неговите доживувања и искуства. Само личноста што се грижи за сопственото ментално здравје може да е функционална и да даде добар и убав пример за општеството.

Што се надевате дека вашите клиенти добиваат од советувањето или психотерапијата?

Една од работите кои ми е можеби и најважна е зголемување на свесноста за себеси, своите потреби и желби. Исто така, се надевам дека клиентите добиваат можност да се промени начинот на размислување, однесување, справување со секојдневните предизвиции потешкотии. Дополнително, важно е да добијат можност за подобрување на комуникациските односи на сите нивоа. За крај, мислам дека е важно клиентот да увиде можност за промени во сопствениот светоглед и своето битисување.

Со какви предизвици поврзани со ментално здравје најмногу сакате да работите и зошто?

Сакам да работам со сите предизвици, или подобро кажано, не ми е толку битно. Мислам дека секој човек е своја целина – личност – што е составена од мисли, чувства и однесувања. Справувањето и предизвиците во менталното здравје започнува со промената во некоја од овие три сегменти (мисли, чувства и однесувања) и ова е она на кое што се фокусирам во мојата работа.

Што правите во слободно време?

Се обидувам да поминам повеќе време со семејството дома или во природа, да бидам подобар родител и сопруг. Возам велосипед, гледам
да сум повеќе социјално активен со пријателите и роднините, но и да не ги заборавам останатите домашни обврски.

Ако мора да дадете само 1 совет за луѓето кои бараат психотерапија или советување, кој совет би го дале?

Промената почнува од себеси- од тебе ! Со промена на себеси- ќе се промени и светот околу вас.

Разговор.мк мобилна апликација

За да дознаете повеќе за Ивица Павлов и да прочитате повеќе за неговото работно искуство, рецензиите од претходните клиенти, достапните термини и цените за разговор преземете ја нашата мобилна апликација со клик на сликата подолу. Откако ќе се најавите анонимно, ќе бидете пренасочени кон самиот профил на психологот.