fbpx

За време на омикрон варијантата: 5 начини да ја намалиме анксиозноста

Токму во моментот кога се опуштивме за празниците, најновата варијанта на Ковид-19 наречена омикрон се шири со огромна брзина. Со новиот бран на заразени, и во време кога и физички и психички сме истоштени од коронавирусот, станува сè потешко да останеме рамнодушни на ситуацијата. 

Психолозите велат дека секојдневно се соочуваат со клиенти кои имаат засилена акнсиозност поради новиот бран на омикрон варијатата, загрижени за своето здравје и безбедност. 

Освен вакцинацијата, носењето маска, дистанцирањето и генералната грижа за здравјето, на друг начин не можеме да ја контролираме пандемијата и сè она што не прави анксиозни околу неа. 

Но, можеме да ги контролираме работите во однос на тоа како ќе реагираме на новонастанатата ситуација. Во прилог, пет научно докажани стратегии за намалување на анксиозноста, објавени на  CNN од клиничкиот психолог Јелена Кецмановиќ од Универзитетот во Џорџија.

Брза релаксација

Најдобар начин да препознаеме дека се соочуваме со зголемена анксиозност е да го слушаме нашето тело. Чувстуваме непријатност во стомакот? Се чувствуваме изморено иако не сме вежбале? Посилна главоболка од вообичаено? Ако физичките знаци за анксиозност се засилени, постојат неколку различни начини за релаксација. 

Една од техниките за брза релаксација е легнување на грб, со рацете на градите и отворена книга на стомакот. Можеби звучи необично, со дишењето книгата значително се движи додека рацете остануваат мирни. Оваа вежба трае околку седум минути, со целосна концентрација на дишењето. Ќе се изненадите колки порелаксирано ќе се чувствувате по завршувањето на вежбата. 

Алтернативно, можете да наполните сад со студена вода и да го потопите лицето до ушите. Задржете го здивот, и држете го лицето во водата најдолго што можете. Оваа моќна вежба дејствува брзо за намалување на анксиозноста.

Активно спротистави се на анксиозноста

Можеби сметате дека целосно треба да ја искорените анксиозноста и да се натерате себеси да сте целосно позитивни. Oсобено ако ве критикуваат дека многу работи ве вознемируваат. Но, целосно искоренување на анксиозноста не може да се случи одеднаш. Психолозите имаат докажано дека потиснувањето или избегнувањето на анксиозноста само ја влошува ситуацијата.

Наместо да си судите себеси дека сте под истрес или анксиозни, започнете да сочувствувате со себе. Замислете си ситуација во која некој близок ви дава зборови на поддршка! Што би ви кажале? Како би се однесувале со вас? Изберете човек кој во минатото ви давал совети кои ви помогнале кога сте биле вознемирени. 

Уште една добра вежба е самите на себеси да си напишете писмо. Во ова писмо дадете си поддршка во однос на проблемите со кои се соочувате. Овие пристапи кои ги споменавме се добар почеток во борбата против анксиозноста од омикронот. Запомнете, во ред е да се чувстувате анксиозни и во ред е да побарате поддршка. 

Намалете ги однесувањата кои поттикнуваат анксиозност

Можеби денес поминавте неколку часа на Фејсбук или Инстаграм, и тоа со сигурност ве прави поанксиозни. Научниците имаат докажано дека поминувањето на социјални мрежи за време на пандемијата е особено штетно. Всушност, 2,5 часа или повеќе за време на еден ден може значително да ја зголеми анксиозноста. 

Следењето на тоа колку време поминуваме на социјалните мрежи е прв чекор за да го промениме тоа. Многу паметни телефони можат да ти помогнат со следењето на поминатото време на нив. Можеби и целосното отстранување на апликациите на социјалните мрежи и отворањето на нив во пребарувач е добра опција за вас. На крајот, можете да користите и тајмер кој ќе ве предупредува дека сте поминале премногу време на Фејсбук или Твитер. 

Други однесувања кои поттинкнуваат анксиозност се и прокрастинацијата, честото пиење на алкохол и постојаното барање на уверување од другите. Нередовниот сон и нередовното вежбање исто така може да ве направат чувствителни на различни типови на анксиозност. Па, затоа е добро ова да го имаме на ум ако сакаме да ја намалиме анксиозноста. 

Подобрување на личната преспектива

И додека омикрон варијантата на Ковид 19 донесе нова промена и перцепција за вирусот, важно е да ги држиме работите во добра перспектива. Нашиот ум често може да навлезе во можни сценарија за тоа што е следно во врска со пандемијата, и почнуваме да се гржиме за потенцијално најлошите можни опции. За да ѝ се спротиставиме на оваа тенденција, добро е да размислуваме и најдобрите можни сценарија и потоа да направиме стратегија за тоа како би се подготвиле за нив. 

Визуализацијата на тоа како сегашните грижи би изгледале утре, за една недела, еден месец или следната година исто така може да помогне. Или, запрашајте се себеси на скала од 0 до 100, колку е лоша ситуацијата во која се наоѓате, кога 0 би била перфектниот свет, а 100 е најлошото можно сценарио. 

За крај, иако можеби изгледа чудно, “зборувајте” со себеси во трето лице. Овој метод може да ви помогне да се дистанцирате од моменталната ситуација за полесно и посмирено да можете да направите анализа на истата. 

Излезете од сопствениот ум

Најдоброто долготрајно решение за анксиозноста не е рекалсацијата, туку креирањето на значајни и вредни коненции со луѓето околу вас. Некогаш запишувањето на нашите грижи, и потоа идентификацијата на вредностите и долготрајните цели би можеле да ја обезвреднат анксиозноста, велат некои научници. 

Сепак, некогаш најдобрата опција е да си помогнеме себеси со барање на помош од стручни лица. Разговорот со психолог може да ни помогне подлабоко да навлеземе во проблемите и послесно да ги најдеме решенијата кои ги бараме. На Разговор.мк бројни лиценцирани психолози се подготвени да ти помогнат да се справиш со анксиозноста со Ковид-19 и да најдеш решение на твоите проблеми.