fbpx

89% од луѓето кои зборувале со онлајн психолог го препорачуваат овој вид на терапија

Советувањето и разговорот со онлајн психолог е флексибилно решение за подобрување на менталното здравје. Разговор.мк нуди бројни професионални лиценцирани психолози кои се експерти за најразлични типови на терпаија. Една од нив е конгнитивно-бихејвиоријална терапија (КБТ), пристап кој им помага на корисниците да се соочат со предизвиците и негативните мисли, со насоки дадени од лиценциран психолог.

Според одредени истражувања, од повеќе од 1100 луѓе кои користеле онлјан когнитивно бихејвиоријална терапија, дури 89 отсто се почувстувале подобро и би ја препорачале на други корисници.

Зошто е важно менталното здравје?

Едноставно кажано, луѓето на глобално ниво се соочуваат со сериозни проблеми со менталното здравје и постојат многу статистики кои го потврдуваат тоа. Дополнително, во Македонија, но и на пошироко ниво, може да се забележи значителна стигма поврзана со менталното здравје и затоа е многу важно да се воочи важноста на напорите за подобрување на свесноста за истото.
Всушност, свесноста за ментално здравје, покрај пандемијата на Ковид-19, во моментов е еден од најголемите предизвици поврзани со здравството. Токму поради тоа, разговорите со психолозите и онлајн советување стануваат сè поважни за општото добро на општеството.

За Разговор.мк, разбирањето на важноста на менталното здравје е императив. Константно правиме напори за надминување на бариерите во однос на менталното здравје со наразлични видови на активности поврзани со подигање на свеста во однос на анксиозноста, стресот, паничните напади, самодовербата, депресијата и многу други проблеми со кои многу луѓе се соочуваат во денешното општество.

Во моментов, можеме да констатираме дека грижата за нашето ментално здравје е поважна од кога било претходно. Кога се фокусираме на него, буквално ни се подобрува секој друг аспект до живеењето. Важноста на доброто ментално здравје се пресликува во сè што правиме, како размислуваме и што зборуваме.

Зошто да се се советуваме со онлајн психолог?

Постојат повеќе причини за да се грижиме за менталното здравје. Неговото одржување е суштинско за стабилизирање на нашите однесувања, емоции и мисли. Фокусот на грижата за менталното здравје може да ја зголеми продуктивноста, да го подобри нашето мислење за себе и интерпесоналните односи.

Негувањето на менталното здравје не ни помага само за подобрување на нашето дневно функционирање. Може да ни помогне и да ги контролираме или најмалку да пробаме да се избориме со некои проблеми со физичкото здравје. На пример, срцевите заболувања и стресот се поврзани, па менаџирањето на стресот може да има позитивно влијание врз срцевите болести.

Други бенефити кои би можеле да ги имаме доколку се грижиме за менталното здравје:

  • Подобрување на расположението
  • Намалување на анксиозноста
  • Создавање на засилено чувство на внатрешен мир
  • Појасно размислување
  • Подобрување на односите со блиските
  • Зголемување на самодоверба

Нашето ментално здравје е нешто што влијае и на нашата исхрана и навики за спиење, и има големо влијание врз нашето физичко здравје. Важно е да одговориме на овие потреби.

Зошто е важно да се има добро ментално здравје?

Покрај претходно споменатото, да се биде ментално здрав има значително влијание на нашето општо психолошко, емоционално и социјално добробитие. Директно влијае како се чусвтуваме и однесуваме на дневно ниво. Нашето ментално здравје е огромен фактор кога носиме големи одлуки, се справуваме со стрес и во односите со другите луѓе во нашата околина.

Сепак, ове предизвици не се предизвици со кои се справуваме еднаш и продолжуваме понатаму. Работата на нашето ментално здравје е константен процес во секоја фаза од нашиот живот. Од раното детство, па се до позрелите години, менталното здравје е нешто за што мора да водиме константна грижа.

Луѓето кои се грижат за менталното здравје имаат:

  • Продуктивни, здрави односи
  • Се справуваат со стресот на дневно ниво
  • Имаат позитивно мислење за себе
  • Се мотивирани и физички активни
  • Се продуктивни на работа и дома
  • Создаваат вредни врски со луѓето и придонесуваат во општеството
  • Професионално се реализираат и работат кон остварување на својот потенцијал

Зошто треба да шириме свесност за менталното здравје?

Постои една многу важна причина да се прават конкретни напори за ширеше на свесноста за менталното здравје. Едноставно кажано, мора да се дестигматизира како размислуваме, им приоѓаме и ги идентификуваме проблемите со менталното здравје во нашето општество.

Соочувајќи се со тешките проблеми и прифаќањето дека постои приблем значи дека може да се дојде до решение. Мораме да работиме во насока на тоа да го отстраниме срамот и стравовите кои се често поврзани со темите околу менталното здравје. Само така се може да се зголемат шансите луѓето сами да побараат помош кога таа им е потребна. 

Кои се факторите кои можат да влијаат врз менталното здравје?

Постојат многу фактори кои можат да влијаат врз менталното здравје и некогаш е тешко сите одеднаш да бидат идентификувани. Првенствено, треба да ги препознаеме работите кои имаат суштинско влијание врз нашето ментално здравје.

Неколку чекори кои можат да ти помогнат да добиеш ментална стабилност и здравје:

  • Пишување дневник
  • Медитација
  • Вежбање
  • Јога
  • Разговор со онлајн психолог

Исто така, постојат повеќе фактори кои негативно може да влијаат на менталната стабилност и здравје, вклучувајќи ги:

  • Претходна траума, злоупотреба или занемарување
  • Долгорочен стрес
  • Социјална изолација
  • Осаменост
  • Загуба на близок
  • Дискриминација
  • Долгорочни проблеми со физичкото здравје
  • Социјални недостатоци
  • Сиромаштија или долгови
  • Невработеност
  • Раскинување на врска со партнер или развод
  • Нефункционален семеен живот

Онлајн психолог и подобро ментално здравје

Се прашуваш како можеш да го подобриш менталното здравје? Доколку ти или некој твој близок има потреба за помош, знај дека секогаш има решение. Запомни дека што порано се третира проблемот со менталното здравје, поголеми се шансите за успех.

Нашата мисија e да се намали стигмата околу барањето на поддршка за нашето ментално здравје. Многумина сметаат дека луѓето кои одат на терапија или Едноставно кажано, луѓето на глобално ниво се соочуваат со сериозни проблеми со менталното здравје и постојат многу статистики кои го потврдуваат тоа. Дополнително, во Македонија, но и на пошироко ниво, може да се забележи значителна стигма поврзана со менталното здравје и затоа е многу важно да се воочи важноста на напорите за подобрување на свесноста за истото.
Всушност, свесноста за менталното здравје, покрај пандемијата на Ковид-19, во моментов е еден од најголемите предизвици поврзани со здравството. Токму поради тоа, разговорите со психолозите и онлајн советување стануваат сè поважни за општото добро на општеството. се дијагностицирани со некаква болест, што воопшто не е точно.

Многу луѓе започнуваат со советување за да чувствуваат посигурно и поудобо во животот, а доколку сметаш и ти дека ваков разговор би ти помогнал, апликацијата Разговор.мк е за тебе. Закажи бесплатна консултација сега, сподели го предизвикот со којшто се соочуваш и ние ќе ти помогнеме да го најдеш твојот идеален онлајн психолог, останувајќи целосно анонимен.