fbpx

Што е комплекс на вина?

Комплексот на вина се однесува на упорно верување дека сте направиле нешто погрешно или дека ќе направите нешто погрешно. Покрај постојаното чувство на вина и грижа, комплекс на вина може да доведе и до чувство на срам и вознемиреност. Иако комплексот на вина може да биде резултат на вистинска штета што некое лице ја предизвикало, тој исто така може да се фокусира на замислена или перцeпирана вина. Во таквата состојба мислењето е во голем степен ирационално, односно постои мислење дека по никоја цена не треба да погрешиме, а во случај кога веќе сме погрешиле грешката не прави лош човек.

Ова чувство влијае на сите области од човековиот живот. Истото ни е вградено уште во раниот развој кога се развива чувство на одговорност. Ние од најмала возраст прифаќаме одредени морални и семејни вредности. екое отстапување од нив подоцна доведува до чувство на вина. Чувството на вина и уверувањето дека не сме доволно добри пропорционално растат бидејќи секојдневно се соочуваме со можноста да погрешиме нешто, на училиште, во роднинските, пријателските, партнерските, работните односи и др. Сите ни укажуваат на нашите грешки со намера дека ни прават услуга бидејќи така ќе бидеме подобри луѓе, но со тоа само ни се продлабочува чувството на вина кога следен пат ќе погрешиме. Важно е да се забележи дека иако комплексот на вина може да биде вознемирувачки, тој не е препознаен како посебна состојба во Дијагностичкиот и статистички прирачник за ментални нарушувања, петто издание (DSM-5).

Игнорирај и ќе помине?

Игнорирањето на вашата вина или обидот да ја отфрлите може да изгледа како корисна стратегија. Сепак, тоа не е точно. Маскирањето на вашите емоции генерално не функционира како постојана стратегија. Вистинското справување со вината бара прво да ги прифатите тие чувства, колку и да се непријатни. Пред да го оставите минатото зад себе, треба да го прифатите. Гледањето наназад и размислувањето за вашите спомени нема да го поправи она што се случило.

Нормално е да се чувствувате виновни кога знаете дека сте направиле нешто погрешно, но вината може да се јави и како одговор на настани врз кои немавте лично влијание. Можеби се чувствувате виновни што раскинавте со некој кој се уште се грижи за вас или затоа што имате добра работа а вашиот пријател не може да најде работа. Можете да го земете предвид она што сте го научиле: Што доведе до грешка? Што би направиле поинаку сега? Што ти кажаа твоите постапки за себе? Дали тие укажуваат на некои специфични однесувања на кои можете да работите?

Многу често оваа чувство е пропратено со соматски тегоби кои се симптом дека нешто се случува со нас, па така несониците, чувство на гадење, анксиозност, плачење, мускулна тензија, срцебиење, стомачни тегоби…се само показател дека е можно да се работи и за чувство на вина. Чувството на вина може да доведе до методи за справување, како што е употребата на супстанции. Токму овие тегоби се причина да побараме стручна помош.

Причини за комплекс на вина

Секој прави онака како што може, знае и умее, секое однесување е одредено од низа околности и услови. Постојат голем број на различни фактори кои можат да придонесат за комплекс на вина. Некои од нив вклучуваат:

  • Анксиозност. При состојба на вознемиреност е поголема веројатноста негативно да ги оцените вашите постапки.
  • Искуства од детството. Децата кои се воспитувани во домаќинства каде што се натерани да чувствуваат дека направиле нешто погрешно, имаат нешто да сокријат или се одговорни за проблемите, може да останат со долгогодишно чувство на вина. Вината се јавува поради преголемите очекувања од себеси кои ако не ги остварат ќе се разочараат.
  • Култура. Ако направите работи што се во спротивност со културните норми со кои сте израснале, може да почувствувате вина дури и ако повеќе не верувате или не ги поддржувате тие норми.
  • Религија. Некои религиозни традиции се потпираат на чувството на вина како начин да укажат дека некоја личност направила нешто погрешно.
  • Социјален притисок. Ако чувствувате дека другите луѓе ве осудуваат за работите што сте ги направиле, може да останете со чувства на вина и каење.

Третирање на комплекс на вина

идентификувате работите што сакате да ги промените. Кога овие чувства стануваат упорни и поразителни, важно е да се побара стручна помош. Психотерапија помага да се препознаат негативните мисли кои водат до чувство на вина и со учењето да ги заменат овие мисли со попозитивни. Ако се обидувате да се справите со постојаното чувство на вина, има работи што можете да ги направите за да го олеснат управувањето со овие тешки емоции.

Некои стратегии кои може да ви помогнат да се справите со комплексот на вина вклучуваат:

Реконструирајте ја ситуацијата

Ако сметате дека се фокусирате само на негативните мисли, разгледајте начини да размислувате поинаку за ситуацијата. Дали имало други фактори кои играле улога? Што можете да направите поинаку во иднина?

Простете си себеси

Учењето како да практикувате самопростување може да биде важна алатка за ослободување од вината. Станува збор за преземање одговорност, да си дозволите малку време да изразите каење, да се поправите, а потоа да најдете начин да продолжите понатаму.

Разговарајте со некого

Социјалната поддршка може да игра клучна улога во справувањето со тешките емоции. Затоа, важно е да ги одржувате односите со пријателите и саканите. Ако не сакате да разговарате со вашите најблиски за вашите чувства на вина или ако тие не го даваат типот на поддршка што ви треба, може да биде корисно и да разговарате за вашите чувства со психолог. Тешката или постојана вина не се отстранува секогаш лесно. Терапевтот може да понуди насоки помагајќи ви да ги идентификувате и да ги решите причините за вина, да истражите ефективни вештини за справување и да развиете поголема самодоверба.

Изнинете се и поправете се

Искреното извинување може да ви помогне да започнете да ја поправате штетата по погрешно дело. Со извинување и пренесувате каење и жалење на личноста што сте ја повредиле и и давате до знаење како планирате да ја избегнете истата грешка во иднина. Можеби се чувствувате виновни што не поминувате доволно време со вашите најблиски или не успеавте да се пријавите кога им треба поддршка. Откако ќе се извините, може да ја покажете вашата желба да се промените со тоа што ќе прашате „Што можам да направам за да помогнам? или „Како можам да бидам тука за тебе?“. Можеби нема секогаш да имате можност директно да се извините. И извинување на хартија сепак може да биде корисно, дури и ако тие никогаш не го видат тоа.

Чувството на вина како мотиватор

Грешките се нормални за човечкиот раст но предизвикуваат многу емоционални и физички превирања. Како емоција, вината има голема моќ. Вината ви помага да ги признаете вашите постапки и ја поттикнува мотивација да го подобрите вашето однесување. Вината може да предизвика прилично остра самокритика а самоказнувањето често го зема најтешкиот емоционален данок. Кога се користи како алатка, чувството на вина може да фрли светлина врз областите од кои се чувствувате незадоволни. Ако се чувствувате виновни што не поминувате доволно време со пријателите, можеби ќе се потрудите повеќе да се поврзете. Исто така, вреди да се обрне внимание на тоа што ви кажува за себе вината. Жалењето што повредивте некој друг сугерира дека имате емпатија и немате намера да нанесете штета. Создавањето промени во вашиот живот, може да вклучи фокусирање на начини како да избегнете повторно да ја направите таа грешка.

Губењето на чувството на вина е неопходен услов за постигнување на чувството на лична вредност, слобода и независност. Се додека живеете под тој терет и верувате дека не сте доволно добри ќе живеете чувствувајќи се зависни од сите оние за кои верувате дека им должите нешто.

Побарај совет или насока од Сања Бојковска-Ѓорѓевиќ

Како психолог, им помагам на луѓето да се справат со тешките чувства како вина. Создавам удобен простор каде што можете да зборувате зошто се чувствувате виновни, да ги предизвикувате сите лоши мисли што ги имате за себе и да смислите начини да се чувствувате подобро. Со тоа што ви помагам подобро да се разберете себеси и да бидете пољубезни кон себе, ви давам моќ да ја претворите вината во нешто добро што ви помага да растете. Ако имате прашања или ви треба некој со кого да разговарате за овие работи, само пополнете го формуларот подолу.