fbpx

Постнатална депресија – што е тоа?

Постнатална депресија е облик на депресивно пореметување кое ги има истите симптоми како класична депресија. Разликата е во тоа што се појавува после породувањето и тој чин претставува главен тригер за постпородилната депресија. Податоците покажуваат дека се јавува кај 10% од жените, но можно е овој процент да е поголем, бидејќи многу од нив не се свесни дека се соочуваат со овој проблем.

Најчести симптоми се:

  • Промени во исхраната
  • Недостиг на енергија
  • Промени во спиење
  • Чувство на празнина и бесмисла
  • Чувство на вина
  • Беспомошност и песимизам
  • Раздразливост и импулсивни реакции

Постои можност за генетска предиспозиција, но се уште е не познат фактот во која мера влијае на појавата.

Видови на постнатална депресија

Постпоридлната депресија може да се појави во три вида.

Baby blues 

Овој вид се карактеризира со чувство на страв, незадоволство, анксиозност, несигурност во својата улога како жена и мајка. Се јавува неколку дена после породувањето и трае две до три недели, по што спонтано се повлекува. Жената во овој период доживува значајна промена, некои од нив физички закрепнуваат, физиолошки во телото – матката се собира, раните од хирушките интервенции зараснуваат, започнува доењето, се јавува постпородилното крварење и сите овие процеси можат да бидат исклучително непријатни, па дури и болни. Кај многу од жените болничкото искуство било трауматично, што дополнително допринесува за појава на збунетост, чувство на неадекватност и нерасположение. Од друга, страна бебињата бараат константна грижа и внимание. Ако жената прв пат се соочува со мајчинството, сосема нормално е да се чувствува збунето, некомпетентно, несигурно и исплашено. Оваа состојба поминува многу брзо и мајката почнува да ужива во својот однос со бебето, станува поспонтана, посмирена и посигурна.

Постпородилна психоза

Овој вид се јавува кај една од петстотини жени, а се препознава по халуцинации, параноидни идеи и уверувања дека детето е зло или демон. Во овој случај жената се однесува агресивно, ирационално, може да го повреди бебето, себе и другите. Во овој случај потребна е итна интервенција и хоспитализација.

Постнатална депресија

Постпородилната депресија најчесто се појавува неколку недели после породувањето. Се манифестира преку незаинтересираност за себе и бебето, беспомошност, песимизам, пореметен апетит и сон, а најмногу со чувство на вина и безнадежност. Се препорачува психотерапија, а колку ќе трае процесот зависи од личноста и околностите во кои се појавила постпородилната депресија.

Во врска со тоа што придонесува за појава на ова состојба, се издвојуваат неколку важни параметри: несакана бременост, осаменост, мајката сама го одгледува бебето, трауматично искуство во врска со породувањето, искривена перцепција дека раѓањето на бебето ќе го промени животот на жената, поддршката која ја има од партнерот, нивниот меѓусебен однос и сл.

Доколку не се препознае на време и не се третира соодветно со психотерапија и фармакотерапија, оваа состојба може да влијае нагативно на целото семејство, а пред се на адекватниот развој на детето.

Побарај совет или насока од Драгица Стаменковиќ

постнатална депресија

Нудам сеопфатна поддршка за клиенти кои доживуваат постнатална депресија и поврзани предизвици. Преку емпатично слушање и интервенции базирани на докази, им помагам на клиентите да ги истражат своите емоции, да ги идентификуваат основните предизвикувачи и да развијат стратегии за справување прилагодени на нивните уникатни потреби. Обезбедувам и психоедукација за прилагодување по породувањето и ги олеснувам дискусиите околу грижата за себе, комуникацијата со партнерите и градењето мрежа за поддршка. Ако имате прашања или ви треба поддршка при навигација во постнатална депресија, ве молиме пополнете го формуларот подолу и со задоволство ќе ви помогнам на вашето патување до мајчинската благосостојба.