Личен развој на поединците има различни начини на манифестирање. Персоналниот равој има различно значење во зависност од животните околности на секој поединец. Работата кон личен развој вклучува надминување на психолошките и емоционалните пречки. Личниот развој не тера да растеме и да ги оставиме минатите ставови што не држат заглавени во место, наместо да напредуваме во нашите животи. Развојот прави да се чувствуваме живи и подготвени да пробаме нови работи и да ја зголемиме нашата самодоверба.
Кога ќе почнете да откривате како да ги гледате работите од друга перспектива, станува возможно да растете и да продолжите напред. Од време на време, сите ние заглавуваме во хронични ситуации и гледишта што создаваат страдање. Не можеме да видиме други перспективи, да разгледаме нови идеи. Не можеме да видиме решение за проблем што се чини дека е егзистенцијален. Сепак, секогаш постои начин. Преку наоѓање нови значења и менување на нашето однесување, го менуваме начинот на кој чувствуваме за другите, иднината и самите себе. Постојат различни начини да се постигне ова. Во оваа статија, ќе се фокусираме на специфичен начин за постигнување лична промена.
Како изгледа да работите кон личен развој со лиценциран психолог?
Можете да ги изберете областите од вашиот живот на кои сакате да се фокусирате за вашиот развој. Можете да ги изберете овие области затоа што не сте задоволни каде се наоѓате и сакате да направите подобро. Целите за личен развој обично се поврзани со:
- Ментално здравје (односно: депресија, вознемиреност, лутина)
- Кариера: чувство на незадоволство поврзано со моменталниот статус во сопствената кариера
- Лични односи: пријателства и романтични врски
- Односи во семејството
- Самопочит/Самодоверба
- Образование: желба да се стекне со диплома или да се промени програмата која се изучува
- Здравје/Вежбање/Исхрана
Што е советодавен план за личен развој?
За зафатена личност, личниот развој може да вклучува трошење време на активности за освежување и надополнување на нивната енергија, повторно да се чувствуваат живи, наместо да чувствуваат чувство на пропаст што доаѓа од брзање за исполнување на роковите и барањата. На пример, може да значи да започнете да трошите време во природа, да вежбате, да медитирате и да најдете време да се видите со пријателите.
За ожалостен поединец, може да биде да може да најде ново значење за загубата, да ги интернализира добрите спомени на саканата личност и да може да воспостави односи со другите и да чувствува дека тие имаат право повторно да бидат возбудени и среќни по загубата.
За поединец со нарушување на менталното здравје, може да биде да го живеат својот живот врз основа на неговите/нејзините вредности, а не врз импулсите на нивните промени во расположението и дисфункционалното однесување.
Планот за личен развој се состои од 5 чекори.
- Која е вашата цел? Што би сакале да постигнете?
На пример: Сакам да имам повеќе време да престанам да живеам во “автопилот” и да уживам во мојот живот. Сакам да бидам присутна среде мојот презафатен распоред и секојдневните обврски.
- Каде сте сега во однос на вашата цел?
Што правите или не правите во моментов во оваа област?
Во нашиот пример: Поминувам најмногу време на работа, се уморувам дома без енергија да си играм со моите деца. Не ги гледам често моите пријатели и се чувствувам малку изолирано. Се чувствувам вознемирено од сите обврски на работа
- Каде би сакале да бидете? Кои работи би сакале да ги правите наместо тоа, колку често, со кого, кога, како?
На пример можете да одговорите нешто слично на:- Игра со моите деца 30 минути на ден
- Пешачење 30 минути на ден
- Социјализација со пријателите двапати неделно, на кафе или ручек
- 20 минути медитација дневно
Идентификувајте некои од малите чекори кои можете да ги направите за да ја исполните вашата цел.
На пример: Сакам да имам повеќе време да престанам да живеам во “автопилот” и да уживам во мојот живот. Сакам да бидам присутна среде мојот презафатен распоред и секојдневните обврски.
Што правите или не правите во моментов во оваа област?
Во нашиот пример: Поминувам најмногу време на работа, се уморувам дома без енергија да си играм со моите деца. Не ги гледам често моите пријатели и се чувствувам малку изолирано. Се чувствувам вознемирено од сите обврски на работа
На пример можете да одговорите нешто слично на:
- Игра со моите деца 30 минути на ден
- Пешачење 30 минути на ден
- Социјализација со пријателите двапати неделно, на кафе или ручек
- 20 минути медитација дневно
На пример:
Чекори за остварување на целта: Игра со моите деца 30 минути на ден | Ден |
1. Смисли заедничка активност која и двете страни ќе ја уживаат | Понеделник |
2. Земи ги сите потребни реквизити за игра (топка, водени бои и сл) | Вторник |
3. Кажи им на децата дека ќе си играме 5 минути денес | Среда |
4. Одвои 5 минути за игра со децата | Четврток |
5. Замини си од работа 10 минути порано од обично | Петок |
6. Одвои 10 минути за игра со децата | Сабота |
7. Одвои 15 минути за игра со децата | Недела |
8. Смисли нова активност која ќе трае подолго и одвои 20 минути за игра со децата | Понеделник |
9. Одвои 20 минути за игра со децата | Вторник |
10. Направи ја играта со децата после вечера или пред капење рутина или навика | Среда |
11. Одвои 25 минути за игра со децата | Четврток |
12. Одвои 30 минути за игра со децата | Петок |
Или друг пример:
Чекори за остварување на целта: Медитирај 20 минути на ден | Ден |
1. Разбуди се 1 минута порано и медитирај 1 минута | Понеделник |
2. Разбуди се 2 минути порано и медитирај2 минути | Вторник |
3. Медитирај 3 минути во седечка позиција | Среда |
4. Медитирај 4 минути веднаш после будење | Четврток |
5. Медитирај 5 минути веднаш после будење | Петок |
6. Пробај да медитираш 10 минути и види што ќе се случи | Сабота |
7. Медитирај 10 минути секое утро во наредните 2 недели | Почни во недела и продолжи 2 недели |
8. Медитирај 15 минути секое утро во наредните 2 недели | Почни во недела и продолжи 2 недели |
9. Медитирај 20 минути во утринските часови | Почни во недела и продолжи |
Може да планирате да ги зголемувате чекорите дневно, неделно, двонеделно или со фреквенција што сметате дека е реална за вас. Ако планирате да внесете нова навика во вашиот живот, полесно е да започнете со краток временски период, но направете го тоа секојдневно и зголемете го времето како што минуваат деновите. Секој нов ден на пракса обично ќе се чувствува полесно да се направи новата активност отколку претходниот ден. Овој метод можете да го користите за учење, вежбање, работа и каква било активност што би сакале да започнете да ја правите.
Целите треба да бидат СМОРВ (SMART)
- Специфични: Игра со децата, 30 минути на ден
- Мерливи: Дојди до 30 минути на ден до крајот на месецот
- Остварливи: Дали можете да остварите промената во наредните 2 недели или ви треба цел месец? Планирајте го вашиот успех.
- Реалистични: Дали реално имате 30 минути на ден безусловно да ги посветите на децата? Ако одговорот е не, планирајте и поставете си цел на 10 наместо 30 минути
- Временски ограничени: Сакате да го пробате ова еден месец и да видите како оди? Можеби по еден месец, сакате да пробате поинаков начин на поврзување со вашите деца и да ги извадите двапати неделно или да создадете посебна семејна традиција за вечера, како што е разговорот за она што ги правело среќни во текот на денот.
Ако се чувствувате возбудени за работата кон вашиот личен развој, одлично! Започнете со идентификување на областите во вашиот живот што би можеле да ги направите подобро според вашите сопствени стандарди и вредности. Потоа дефинирајте ја вашата цел. Може да имате цели за различни области од вашиот живот, како што се семејни односи, кариера, слободно време итн.
Потоа поминете низ планот за SMART цели за да ги дефинирате. Планирајте серија чекори за да стигнете од местото каде што сте сега до местото каде што сакате да бидете.
Започнете да ги преземате чекорите еден по еден. Уживајте во вашиот личен развој!